на (предл.) - тоталитет (имн.)

XLIX Без претходно да се договорат за тоа, Татко и Камилски продолжија да избираат зборови во функција на прикажување на тоталитетот на историскиот процес на Балканот, свесни дека тоа можело малку да го сторат пристрасните историографии, парцијалните и недостапни архиви, нецелосните институции, силата на заборавот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога денес така често се зборува за фрагментизирање или растворање, за да се опише суштината на модерната, тогаш поимот на фрагмент, што самиот мошне ретко го употребувам, е премногу врзан за мислењето на тоталитетот. 62 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И така Татко во новата серија турцизми (гурбет, сургун, гајрет, гајле и беља), предност му даде на зборот гурбет, со потекло од турскиот збор kurbet (а тој од арапскиот збор gurbgurbet), присутен речиси во сите балкански јазици со ист корен, а со мали модификации, со широка гама значења: живот и талкање по туѓина, заминување во на печалба, осамен живот во туѓина, егзил...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)