на (предл.) - тргнување (имн.)

Тој навистина не ги дочека војниците со крстовите и забитите — офицерите со белите коњи, но навистина ги собра селаните пред конакот на тргнување и навистина им одржа еден говор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Карванџиите ги убиваа, водата ја испуштаа од мешините, храната ја поганеа, коњите и оружјето ги пленеа, а војската, иако горе, на Чауле, гладна и жедна, не смееше да се симне долу, во полето, и да ги ограбува чифлизите; нивните стопани, Турци, имаа власт и над војската.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ниту еден од карваните со зајре, наменет за војската, цел не стигнуваше таму; уште од местото на тргнувањето бунтовниците ги преследува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На тргнување, на железничката станица во Софија го пресретнал Гоце Делчев.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На тргнување, Карче му го даде на сина си последниот совет: - Внимавај, охриѓани се луѓе салтанатлии...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Почетокот на тргнувањето на времето, со што оживува просторот, е како кога седиш на воз пред тргување па си се заборавил и не си забележал кога возот тргнал туку одеднаш сфаќаш дека возот, иако полека, сепак почнал да се движи и неколку мига не знаеш дали возот те влече напред или просторот се истргнува од под возот наназад.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Марин не се чудеше гледајќи во рибарските чунови, чии дозволи за рибарење сега, на тргнување кон езерото, ги прегледуваа луѓето на еминот, како што при враќање со исто таква усрдност ќе го прегледуваат и мерат донесениот улов.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На тргнување Тале му рече: - Еве ти пари за дрвата!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Пред да ја обземе нагонот на патувањето, - продолжи Игор Лозински, - на патот кон обновата и смртта, јагулата има светло сребреникава боја, а во мигот на тргнувањето грбот ѝ станува темно зеленикав, речиси маслинест, за на крајот да стане црн, но сјаен, а од страните на мевот ја задржува светло сребренестата боја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)