на (предл.) - трговија (имн.)

Сигналите што ги имаше од Варшава, од Фронтекс, од агенцијата за менаџирање на надворешните граници на европските земји и сознанијата што ги добиваше од своите најблиски соработници, полека но сигурно го склопуваа мозаикот за нелегалната миграција со што се создаваа услови за ширење на трговијата со луѓе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но оваа битка, според Аполинер, ја започнале уште браќата Грим, кога германскиот јазик се ослободил, особено во доменот на книжевниот јазик, но преостанувало да се исчисти говорниот јазик, како и јазикот во доменот на трговијата, администрацијата и војската.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски реши да стане рано и да ги набележи и преостанатите османски заемки од областа на трговијата и занаетите, парите, мерките и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Долго не можеше да заспие, од многуте запишани заемки, оживуваа во неговиот сон старите куќи, јавни објекти, сакрални и профани градби, кои жилаво се одржуваа во градот по толкуте природни катастрофи и војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа, се разбира, не може да се провери на страниците на „Цариградски весник“ каде што Никола Поцо имал свои пријатели и каде што, по линија на таканареченото доброчинителство, можел да има поддршка, туку во еден друг документ објавен во зборникот „Документи за историјата на трговијата на Европска Турција“ од страна на грчкиот конзул во Трст во тоа време по име Адонис Гленди.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Подоцна, пред да се оддадам само на трговија со волна, ја купив Билга Планина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)