на (предл.) - трло (имн.)

Најдо од другата страна ја потпали копата, им појде на трлото и говедарникот, та им запна по една свивка запалена слама, а потоа и на кошарата во која што спиеја чифчиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На вратата на трлото кое зедно со сите добиточни згради се најдува на западната страна на Имотот, то ест кое заедно со сите добиточни згради го сочинува западниот ѕид на Имотот и кое како што се тие поредени една до друга се најдува прво до Западната порта, со запалена вивка в раце ги пречекува Лазор Перуноски, Вели Шест се објагнија и ниту една засега немаме изјаловена и низ овците (дени стојат и ги дојат јагнината, други лежат свиткани набере обрачи и имајќи ги свиткани и вратовите муцките ги имаат положени на предните плешки, а очите, темномодри, им светат во темницата) и преку средината ги одведува на другиот крај на трлото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако не веруа нека праве шо сака, а ние пак ќе правиме шо знајме и со него и со сете како него. Не заборавај да а извадиш таа кремењарката од сајата на трлото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Покривот на трлото веќе беше побелен, на гранките од дрвјата исто така се наѕираа бели наслаги, само патеката пред колибата се црнееше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И тргнувајќи пред Максима и пред Васила легнатите овци ги пречекорува, а тие кои стојат туркајќи ги со колената ги растерува, (нивните чакарки, кога се преместуваат од едно на друго место, кусо и отсечно ѕвонат), а кога излегуваат надвор пред вратата на трлото, гледајќи во небото, вели: Небаре е дење. И зазорено е.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)