на (предл.) - убиец (имн.)

(Земјата. Родот. Имињата на убијците на слободата. Но и на оние кои нѐ научија како да го пишуваме нејзиното име).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сите задолженија што претпоставуваат и одредена доверба им се доверуваат само на обичните криминалци, особено на гангстерите и на убијците, кои претставуваат еден вид аристократија во логорите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се плашам од тоа што не сум, од тоа што сакам да бидам, а никогаш нема да постанам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кај муслиманите владеело општо мислење дека животот на четворицата гемиџии ќе биде поштеден како одговор на помилувањето што го извршил рускиот цар на убиецот на рускиот конзул Шчербин.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се будам во солзи и пот, оваа ужасно потресна слика која ја рефлектира мојава душа ја шатирав, ја исенчив и ја покрив со бело кадифе, но во полноќната тишина сѐ уште ја слушам исповетта на убиецот на моите чувства: „Се плашам од тоа што сум, од огнот чии пламен се чувствата и мислите кои водат битка во мојава душа, која гребе по ѕидовите на сопственото тело.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И детето на убијци е дете како и сите други деца.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)