на (предл.) - фронт (имн.)

Но во војната кога мажите ги одвеле на фронтовите, немало кој да ги обработува градините со ружи, па тие се оретчиле, а по војната тешко се обновувале.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Едностраната британска помош на четниците се одвивала сѐ до 1943 година кога промената на ситуацијата на фронтовите и сојузничките подготовки за десант на Сицилија во пролетта и летото на 1943 година, ги поттикнало сојузниците кон поголеми усилби за активирање на антиокупаторските дејства на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Зар апсурдноста на повикот од еден државен систем со кој не се идентифицирам може да ме регрутира и да ме испрати на фронт каде ќе ми ги истурат цревата за цел која ми е далечна колку и септичките јами во некое од предградијата на Рио де Женеиро, може да се нарече морален, а моето дрогирање да се оквалификува како неморално?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А тоа се случило вака: кога во 1914 година Србите заедно со другите и нив ги мобилизираа, ги отерале првин во Крагуевац, таму кај што ги стрелаа близнаците Акиноски, Цветан и Јордан, а потоа ги отерале во Војводина, на фронтот со Австријанците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Итромани, им ги продаваа и нам ни велеа дека по налог на партијата ги праќаа на фронт за да имаат нашите што да јадат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По извесно време, по далги од убојна тишина и облаци прашина, во миг кога командантот се ежел и кострежел да го сотре и докрајчи Нуне Волта, да ја фрли и изгази, смеле и дотолчи пред сите и на туѓите и на своите, неговата „Пакс-верс теорија“, некаде од длабочината на фронтот, од непријателската страна, се зачуло далечно хорско исполнение на стихови. Стиховите станувале сѐ поблиски.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Младите беа мобилизирани и носени на фронт, беа правени списоци според кои жителите од нашиот кварт беа товарени во возови, и засекогаш одведувани од Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Велеа дека ги носат на присилна работа, ама ние знаевме дека ги носат во логори на смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не можел да се одвои од него и кога бил во најтешките мигови на фронтовите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сега започна да гради грчки утврдувања на фронтот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Беа на фронтот. Се биеја со Италијанците, но фронтовите се израстуруваа на ден-два.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На фронтот зборува само оружјето. Нема лабаво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој пак ги стушува веѓите, ги собира, ги смешува. - Војниците ми требаат на фронтот, вели, а не в постела кај жените. 99
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дојде време да се враќаме назад, на фронтот. По единиците свои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Колико си у војсци, није то коломас, Маричиќ, не подмазујеш волујска кола, сето време сум на фронт, господине капетане, не шкљоцај у празно, Гвозденовиќу, одакле си, од Македонија, тукашен сум, нож и ножнице на крају, Пешиќу, чија je Македонија; сега - засега ничија, све иде кроз нишан и мушице, после како ќе речат големите и господ, големи смо ми Мегленовиќу, оќу сунце у цев, дали би побего, кај ќе бегам господин капетане, сега сите војски на светот се во Македонија, јужна Србија, Мегленовиќ, не ми паѓа на ум да бегам, велам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Пишуваше, како во денови на затишје на фронтот, при врвење низ селато, некаде ќе чуел гајда и срцето му се штрекнувало, му се возбудувало; ќе застанел да слуша, а душата му се исполнувала со милина, со радост, но и со тага.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја немаме сите привилегијата да се бориме на фронтот, но барем сите можеме да бидеме во форма.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му велеше: Еден мој другар загина на фронтот само затоа што беше левучар: не можеше на лева страна да нишани со пушката...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- О господе, што ти згрешивме... - се крстеа луѓето. - Не кревајте паника, луѓе, - викаше претседателот на фронтот Анаѓија, - Тане не е никаков стручњак...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На началството му се свиде оваа Пегрева постапка, ги остави браќата заедно и тие први влегоа во Старавина по пробојот на фронтот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Празна раница не чува граница“, почнаа да се читаат пароли по буките на Кравица, Петерник, Соколот и Добро Поле, изрежани со штиковите на гладните војници од оваа страна на фронтот и се зачестија „мечките“ каде што имаше Германци, а бугарските војници со „дикат“ дигаа сѐ што имаше за јадење од нивните магацини и кујни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бегаа уште од Прилеп ни непојдени на фронтот, кој беше далеку од север од Мариово.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Обзеден од сликата на фронтот, кутриот, не можеше да сфати, не може да ги разликува униформите. Вели: „Сите пукаа... Сите се едно...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Клисарот Нестор, гледајќи како ги ранат војниците, им велеше на селаните: - И нас на фронтот, пред секој напад, вака нè ранеа... Сити да нè најде смртта...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од островот Крф нѐ префрлија на фронтот...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Наскоро ќе почнеме со пробивање на фронтот... Чекај ме... Не мажи се... Твој Наќо“.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но луѓето не заминуваа, туку сѐ повеќе надојдуваа и го обградуваа училиштето и чекаа што ќе биде, како ќе се реши оваа неволја што ги снајде, овој спор, кој по пробивање на фронтот, се отвори меѓу Кралството на СХС* и Албанија: каде ќе припадне селото...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ова колење не е на добро: крвта од добитокот зјапи по човечка... Видов на фронтот...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Нестрпливо очекувам да почнеме со пробивање на фронтот - што побргу да си дојдам дома.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мир нема селово од него... Постојано му идат пред очи борбите на фронтот и вика, се тркала или со стап удира по вратите од куќите и прозорците и ги крши...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зашто прво нешто како бум- бум им се чу, а тоа да ти биде дека тие се враќаат назад на фронтот, еве сега ноќе, што можат кога така им е напишано ама барем да се поздрават.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од болот што стисокот му го нанесе Србин почна да се созема, сфаќајќи дека тоа не е грмотевица како што прво помисли, туку дека топови рикаат отаде на фронтот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Бидејќи фронтот овде мируваше долго време, војската имаше време да го изора ридот со ровови, како по линијата на фронтот така и во правец на отстапниците и пристапниците што обезбедуваше максимално добро функционирање на војничкиот живот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Всушност, бидејќи Французте беа добро засолнети, малку можеше да се види, но според прикаските, нивниот живот во споредба со животот на оваа страна на линијата на фронтот беше скоро оперетски.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Братучедите тогаш забележаа дека на улицата под авлијата се собрале едно чудо селани и занемено гледаат кон молкот на фронтот што сите нив ги удираше в лице како некоја пареа од отворена утроба.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Отаде, на фронтот пред нив, каде што татнеа топовите, хоризонтот беше затемнет од некои думани во кои по секој пукот од земјата никнуваше ново темничиште. Наместа од земјата избиваше оган.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Таму нѐ носат, - рече Шишман, мислејќи на фронтот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но постои ли начин или приказна што ќе може барем привремено да го одложи расчеречувањето на мојата земја и тоа помеѓу олку настрвени мајки, запенуваше одвреме навреме Раде Ич, и тоа секогаш во присуство на капетанот Трајан Крстиќ, кој веќе неколку дена го врбуваше за доброволец во неговата чета на 23от Пешачки полк, што требаше токму тие денови да замине на фронтот на Кајмакчалан.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
-Не, немаш право - му се здаде таа на другарот секретар - знаеш што ми рече мој Благоја кога тргна за на фронтот?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стигнавме ли во Елбасан, по телефон ќе му се јавам на командирот на втората колона во Корча да ми прати друг шофер. А ти на линијата, на фронтот!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се омажила во дваесет и второто лето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Да ја претркаламе угорнинкава, па по удолнинката полесно, ќе биде да туркате...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Брза зашто сонцето се навали над високата плаиина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се случи она во што никогаш не би можела да поверува, иако секој ден ја стегнува и ја сподавува болка кога слуша како многу мајки и жени ги оплакуваат своите мажи и чеда...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И одново тука, меѓу раздомените, кои со секој ден што одминува ја губат и надежта дека ќе се вратат на своите пепелишта и живеат со своите спомени и секој ден чувствуваат дека нема ништо пострашно од празнината, таа, меѓу овие старици и снеможени мажи, меѓу вдовиците и жените одделени од своите мажи, меѓу жените што секој ден намнисуваат за своите деца што се наоѓаат на фронт или под туѓи поднебја, меѓу постојано расплаканите и разврескани деца, сега се чувствува сосем сама. Сама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
При првата можност се качил во Сук на камионот што враќал оздравеници на фронтот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А месото на фронт, кожите им ги продадоа на трговците, а волната со месеци ја перат жените, а во бараките ја предат и плетат чорапи и фанели за оние што се на боиштата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тетин ти Боге прикажуваше, не знам колку му држи тоа, оти нему многу работи не му држат, дека се случувало и долу, на фронтот на Црна, во времето на големата војна, трубите во исто време и кај двете војски да засвират починка па војниците од двата табора да го фрлат оружјето и облеката по грмушките и по рововите, едните од едната другите од другата страна на реката, и да се затрчаат кон водата, како во најголемите јуриши, кој прв ќе ја освои .
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Умот ми е скитнат кај Никифор на фронтот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За на фронт, за на колење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште сум пренесена на фронтот долу, таму, си мислам, повеќе требам. Улава младост.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Може на фронт да ти загинам, му велам, овдека не ти гинам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Постојано нѐ расфрлаат по разни единици и по сета широчина на фронтот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А од десното наше крило веќе ми го нема митралезот, не го слушам. „Крило е дел од фронтот на борбениот ред од единицата што се наоѓа помеѓу крајната точка на фронтот и центарот на фронтот.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И додека борбите се водат дење и ноќе на првата линија на фронтот, владината војска удри на Лисец, срцето на целокупната одбрана на Вичо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Половина ден пат одење - е првата линија на фронтот и смртта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се потпре на својот неотсапен крлук и почна: - Заклучно со сознанијата што ги имаме добиено до пред еден час, другари команданти, положбата на фронтовите е следна.... - тој направи подолга пауза, редум погледна на присутните. - 107-та бригада држи позиции на секторот Краставец - Чрно; 14- та бригада го држи секторот Пиргос Котили - Горуша - Синорите; 16-та бригада - Горна Арена - Црн Камен и 103-та бригада Ќафа - Скирца - Грамос.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јуришот во центарот - источниот дел на фронтот, треба да го привлече вниманието на командата на ДАГ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)