на (предл.) - хашиш (имн.)

Како пред него да беа сите оние порочни грозоморници од времето на некој негов кој знае кој и каков дедо што со браќата донесол од прекусвет, од некој град на Турција, проказа, порочни грозоморници: сипаничави измамници со преостри ноженца под антериите, грешни старци со мирис на лој во брадите и момчаци со навики по кои лудуваа тие старци, цицачи и голтачи на ашиш, просјаци што ноќе стануваат убијци за дупнат грош, играчи со зарчиња, продавачи на деца и крстени девојки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во таа смисла описите на овие состојби под дејство на хашиш од страна на двајца познати француски поети се многу илустративни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Навистина, би било убаво под опојот на хашишот да ги раскине вените и да се пренесе во весел заборав.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можете ли да замислите колку е страшна судбината на човек чија парализирана фантазија не би можела да работи без помош на хашиш или опиум”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)