на (предл.) - херој (имн.)

Се носеше коњот по желба на силниот вјавач, виткав ко змија на оган; пробиваше пат, спасувајќи на херојот глава - зашто го сакаше многу.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Човекот, битно е, сексуално созреал во „добата на хероите“ веднаш по Стоунвол.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа што ја чини пријатна специфичност Набоковата проза, е тоа што таа, не како се читаше, туку како да ја гледавме, што произлегуваше од мизансценската дарба на писателот, сега во драматуршки услови стана главно, а речта на хероите (личностите) добива изразити лексички достоинства, што е таква голема реткост.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Затоа што тие ... не се потомци на хероите од Маратон.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не ќе е добро, според овие одговори, во ниедна варијанта да му се суди на Чанга во присуство или во отсуство, жив или мртов, зашто со ова конечно ќе се придонесеше Чанга дефинитивно да стане козји светец, дури и да го надмине славењето на хероите од војната, дури и сегашните главни водачи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На хероите ликот им е чист само кога се мртви. Живите херои не се херои.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)