на (предл.) - хиерархија (имн.)

Макар што кабинетот му беше во подрумот на поликлиниката, тој бавно но сигурно се искачуваше по излижаните скалила на хиерархијата во зградата на струката - од асистент до предавач, без амбиции да го замени пензионираниот шеф на катедрата и раководител на клиниката, за што и така немаше да наиде на поддршка ни кај колегите ни пошироко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бидејќи според режисерот (но и според Хераклит) сите нешта се насочени кон сите нешта, анатомијата на хиерархијата на луѓето собрани во ресторанот во еден европски историски контекст е потпомогната со сликата на Франс Халс и со еден алузивен наод - книгата посветена на настаните во текот на француската револуција.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Притоа, за него е суштествен еден поим кој го осветлува рационалниот аспект на човековото знаење - телеолошката заднина, „односно рамката определена од интернализираното знаење која служи да ги определи и одобри активностите на поединецот соодветни на целта и на хиерархизацијата на активностите”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Татко, вратен од Турција, излегувајќи од кругот на хиерархијата на новите властодршци, од врвното место кое му беше посочено од неговиот славен вујко, прифати, во еден период, да биде судија на монархискиот режим на кралот Зогу I.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во шестата глава, авторот сака да го испита проблемот на претворањето на идеолошкото знаење во акција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)