на (предл.) - царство (имн.)

А тоа „помалку нешто" беше интернирање во внатрешноста на царството: да не им мател вода по Мариово, да можат тие слободно да вршат што сакаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога Турците сопственици на чифлизи почнаа да си заминуваат од сета Пелагонија и од Потковицата и да се населуваат во градовите, тоа стана по бојот помеѓу орлите и штрковите кој во 1901-та започна на Алилово и се пренесе во Беговски Ловаѓе, односно тоа произлезе од страв од она опачно претсказание што го срочија христијаните по победата на штрковите над орлите, дека му е блиска пропаста на царството, жителите на Потковицата од своите бегови купуваа земја во близина на чифлизите или во дворните места на чифлизите и на новооткупената земја подигаа живеалишни куќи и се делеа на клонови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
133. Константин Порфирогенит (905-959) е византиски цар и автор на повеќе историски списи, меѓу кои и „За управувањето на Царството”, каде што дава многу податоци и за доселувањето и животот на Словените на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се натпреварувале баклаваџии од сите страни на царството кој ќе подготви повеличествена, послатка, со што повеќе кори, баклава во чест на султанот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османското Царство со своето траење од речиси седум века покажуваше дека го почитувало и принципот на нужна толеранција меѓу народите, и покрај тоа што ја имало позицијата на владетел, освојувач.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првите записи за баклавата кај Османлиите се сретнуваат на почетоците на царството, уште во 1473 година, во времето на освојувачот султанот Мехмет II.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Митологијата којашто ги зафати балканските историографии во втората половина на XIX и XX век, во времето на подемот на новите држави- нации, во голема мера ја деформира историјата на Царството чие постоење и цивилизациски обележја, кои често биле заеднички со истите народи, се настојуваше по секоја цена да се избришат од меморијата на народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако ќе влезе во султанските трпези, ќе се шири по семејствата на царството, покрај шеесетината најпознати рецепти, ќе се создаваат, нови илјадници...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше задоволен од ова ерудитско објаснување на потеклото и распространувањето на модриот патлиџан и затоа предложи тој да заземе важно место во нивната листа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во „Историјата на тајните“, поданиците на Царството се пасивни марионети, и кога се чинат здрави, и кога војуваат, филозофираат или се шегуваат еден со друг.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За Правдољубивиот, опседнат со братоубиствената војна, сиромаштијата на државната благајна и постојаната закана на гордите азиски освојувачи, патрицијот припаѓаше на групата сестрани интелектуалци, но крајно немоќни пред непредвидливото тркало на историјата, кое во деновите на агонијата на Царството, сотираше со вртоглава брзина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
После многу напорни расправии, откако Унијата била протуркана некако, помош од Европа била ветена: Но помошта за спасување на Царството Константинопол од навала на силната Отоманска Империја, никогаш не пристигнала, па така бранејќи се само, Царството Константинопол доживеало пад во 1453 година.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кулата требаше да се гледа од сите страни на светот и да биде украс на царството нивно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Логотетот гледаше стрештено во Филозофот, за потем да стане и да изговори: „Пророштво добро е тоа за секој оној чиј прст ќе биде почестен со овој прстен, и јас сега знам дека не прстенот, туку записот ин во одајата источна е причина за поразиите и несреќите на царството!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тој и селото и ридиштата наоколу биле фатени во обрач на мрак зад чија граница можел тогаш да се стеснува нов обрач на онбашии, заптии, јузбаши, чауши, кајмаками, мулазими, кадии и секакви одбрани стрелци и мислители на царството, повеќето со измеќари, соколари или ќати, но сите со кубури, со долги или краткоклуни пушки, со јатагани, анџари, џилити и наџаци на чие железо со златни или со сребрени нишки е запишана муслиманската покорност пред пророкот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жолчно надојдената ноќ од сите јами и од сите рани на животот го демнела на секој чекор со соништа што ги заборавил ослободувајќи се од треската и го присилувала да се движи со крадечка претпазливост помеѓу двоколките на кои, овде или онде, веќе спиеле неколцина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаше луѓе кои ги искривуваа лицата, го извитоперуваа гласот, и се претставуваа како ѓаволи, нудеа откуп на душите, најавуваа апокалипси, се закануваа дека на прагот е настапувањето на царството на темнината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше луѓе кои постојано бараа спас од демонски сили, но не од оние кои се претставуваа себеси за такви, туку од, за нас другите, невидливи ѓаволски суштества: плукаа во воздхот, бегаа пред воздухот, удираа во воздухот, му се закануваа на воздухот, врескаа преплашено гледајќи во воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Обмолчен е Домот на боговите. Под кулите на тврдината Саксауман во Куско кога молчат, сите молчат на кечуа, главниот јазик на царството на Инките и молкот на сите им е облечен во промена од слезова боја.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)