на (предл.) - црв (имн.)

Набожни, озлобени, додворливо наведнати пред власта, иако многумина од нив луто ја мразеа нејасно и потајно барајќи нешто што не ќе е вака - жандармско, даночно, грабливо, нешто што ќе е без тешки потковани чевли под чии клинци тие се виткаа со бавност на црви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ова е доба на црвите, вели некој, им дадовме храна за сто години.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Има време и за една мижитатара со апостолот Павле кој во Македонија барал лек против алергија на црви и земја.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)