на (предл.) - чешма (имн.)

Мразулците што се фаќаа на чешмите во дворовите создаваа мали дворци, тврдини, никогаш невидени во животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
— Доцна, другар Ѓорче, доцна! Го испуштитвме пилето, избега! — му се испушти на Толета, а другите се израдуваа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Околу пладнина Тренков си ја даде својата последна наредба на војводите: — Ајде сега, другари, соберете ги луѓето и право на чешмата во жиовските ливади! Тивко, со мукает слегувајте.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Навртоа на чешмата „Студена“ под самата тумба Маргара и ги најдоа „распашани“ сите војводи, одмараат по добриот ручек и заморен ноќешен пат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури да слезат до чешмата, низ растот останаа пет шеесет може и стотина од селаните, што на Толета не му откина од острото око, бидејќи сите в глава ги познаваше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Убавата летна вечер им го правеше животот весел и тие знаеја да ја исползуваат и својата висока општествена положба, и убавата јасна летна вечер, осветлена од полната месечина, украсена со смевот и кикотот на убавите старавински моми, насобрани на чешмата пред кулата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За првпат ја слушна историјата на овој сиромашки изедник и се воодушеви со храброста на Катил Ѓорѓи и Спиро Црне, кои го отепаа Сулимана во Србиново на чешмата Виорино. За првпат крена рака на Турчин.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секоја утрина, лете или зиме, се миеше надвор на чешмата, гол до појас, и не излегуваше од дома пред да се избричи, макар и со ладна вода.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Песната е кандило; и молитва; млечен заб на дете фрлен на керамиди; убав збор изречен на пладне (на чешмата, покрај полни стомни со вода, со вода...)
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па човек, кога ќе видеше толку многу садови, собрани на еден куп, навистина со право можеше да си помисли дека водата во Потковицата сосема се дососала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таму, на сретселото, на чешмата, завари неколку момички, во друштво на помали братчиња и сестрички лееја вода за вршачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не чекајќи да се доразбудат другите излезе во дворот за да се исплиска на чешмата, а таму му дојде Богатин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто опслужуваше многу села, и зашто тука, покрај патниците и железинчарите, постојано на чешмата се војваа - во лето: волари, косачи, жетвари и многу други случајни намерници и безделници, а зиме: ловџии, дојдени дури од Прилеп и Битола за да ловат тука, во ливаѓето, во Блатото и во Чепиговски Мртвици, диви гуски и диви пајки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За да не трпат тие за вода, редовниците буквално се натпреваруваа која попрва ќе се снабди со вода, па уште со темници побрзуваа да зафатат ред на чешмите и бунарите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но како никогаш и никоја не стигнуваше да биде прва, имаа такви, лоши, табиети да се извикуваат и во групи, по две или по три, одеа на вода а таму, на чешмата, или на бунарот, ги оставаа садовите, за да им држат ред, и се враќаа дома си.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секоја вечер пред да се прибереме на спиење одевме на чешмата со сапунот, каладонот и четкицата за заби в раце, а големата крпа префрлена околу врат.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Надрочија устињата на чешмите, опустеа црквите и плитворите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа што вие го слушате како шумол од костенливо листе или како гргор од дулците на чешмите, тоа е мојата молитва, Гласот мој. А мене не ме гледате.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Станувај, велам, дури не сум станал јас. Жената ги зема стомните и оди на чешма. Оди и се враќа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Намерата (искажана со невидена мирнотија) е да го реши својот сексуален проблем така што ќе престане да му се згадува сексот со девојките, затоа што со истиот испробан метод престанува да му се гади од татка си, откако ќе појде на чешмата и добро си ги измие рацете... (Што, по ѓаволите?!..)
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во таа ноќ додека главите на непокореноста заседавале, помеѓу две ѕидни ламби во куќа на угледен домаќин, меѓу нив и Питу Гули со пресна дупка од куршум во слабината, некаков Татар или Монгол или Черкез и пак со име Татар, турски дезертер и негов приврзаник, му го повел белиот коњ да го напои од бигорното корито на чешмата во дворот на една од неколкуте цркви.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со благост на човек меѓу коњи и со коњи израснат, со наслада наслушувајќи го жуберкањето на чешмата, Татарот го одвлекол белиот Лебед кон коритото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Шо виде, шо чу на чешмата? — ја подзе Рожденката ќерка си и сама чекајќи со нетрпеливост да се повтори она што и го кажа невестата Тода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ѓумовите в раце, невестата Митра пред неа, та дури на чешмата!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но кога виде оти уште е рано, — си поседе на чешмата, си поужина лебец и сиренце, се напи водичка и времето дојде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Нема ли, невесто Митро, да а престрамиш етрва ти на чешмата?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И тоа каде на друго место ако не на чешмата!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тука се сите чупи, невести, па и баби. И кога, кога Митра Сукалова се зададе одгоре со новата јатрва, на чешмата стана џагор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога невестата, по обичајот, тргна со стомните на чешмата на средсело да наполни вода, жена му на Китан фучеше со кошулата одејќи пред невестата, ја мавташе по сокаците за да ја видат сите селани и викаше: - Гледате ли... Гледате ли... Како јагне да е заклано...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Наидоа и неколкумина селани веројатно од околните села, но ниеден не застана на чешмата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги собираат коските од мртвите и ги мијат на чешмата, потоа ги завиткуваат во платна, во торбиња, во вреќиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Главата не паѓа подалеку од рацете и од нозете свои, вели жената, никаде не оди без нив, вели и повторно се фаќа за работа на чешмата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зарем мислите дека ова е селско корзо или одење на чешма по вода со стомне и ѓумче?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)