на (предл.) - чувар (имн.)

Според упатствата на чуварот на плажата облечен во џелаба, го паркирав (и заклучав) нашето правоаголно комби меѓу боровите и, faute de mieux (или можеби поради претераната доза на арабијана: камили на плажата, расфрлани колиби налик на номадски шатори, некои од постарите жени не само во кафтани, туку и со црни велови), ги ставив клучевите во џепот од гаќите за бањање, од каде што, во текот на нашето играње во брановите, му се придружија на огромниот инвентар на ствари изгубени во морето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Што да ти кажувам, - ми вели тој рамневејќи се. – Јас не сум со нив. Јас сум другар на чуварите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А да го кажам и тоа дека другарот Едо, бившиот наш директор, на излегување од канцеларијата на правникот, се подврати и ме потсети дека таа пушката на чуварот треба да му ја вратам...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Арсо го отпетла синџирчето од елекот за да му помогне на чуварот бргу да му го извлече часовникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)