на (предл.) - чување (имн.)

За него баналното прашање за забраната на чувањето на козите во првите години на комунизмот се претвори во вистинско искушение, во прва пречка на која се препна и уште тогаш падна комунизмот, во немоќта да експериментира долго време со живиот живот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не можеш две-три кози да им довериш на чување, а камоли држава!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најпосле, по брза постапка, беше донесен Законот за забрана на чување на козите, но сѐ уште не беше објавен во Службениот весник на државата за да почне неговото спроведување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А кутрата жена од Заечар тргнала по бел свет, заедно со малолетното дете, во потрага по мајката , која го напуштила детето штом се родило, па жената од Заечар го зела на чување.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најпосле се договориле: таа да го роди, скришно и од своите, па да го даде на чување додека тој да се врати; а тој да појде во странство, па кога ќе спечали доволно и за себе и за неа, да ја прибере заедно со детето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И онака, вели, не му е јасно зошто Симон му ги оставил на чување, што ќе му се, кога таа веќе му ги вратила, откога сфатила дека на него не може да се надева, дека тој абер нема да се разведе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ни ги даваше народот на чување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)