на (предл.) - шеќер (имн.)

Тој, навикнат на шеќерот со којшто повремено го прихрануваше и блажеше неговиот одамна признат стопан Брчалото, сега здебелен до отромавеност, попусто секој ден излегуваше од своето скривалиште во фурната, се довлечкуваше до портата и со подзината уста очекуваше од некаде да се појави Брчалото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Живко Чинго и Ристо Шишков одамна го знаат тоа и се обидуваат да си ги оладат душите со ладна бира, а на шеќер локум не се мераклии.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Возбудата делуваше врз падот на шеќерот, избегнуваше да говори, а со Снеже се разбираа само со насмевка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со додавање на шеќер можеше да се произведе и повеќе.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Заради покаченото ниво на шеќер, заздравувањето одеше забавено.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)