на (предл.) - шинел (имн.)

Имено, позорникарот на некојси кварт во Кирјушкиновото сокаче веќе го беше фатил мртовецот за врат на самото место на престапот, кога се обидувал да му го симне дебелиот волнен шинел од некој си музикант во оставка, што во свое време свирел на флејта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од сите страни непрестајно стигнуваа жалби дека грбовите и рамената не само, да речеме на титуларните, туку дури и на најтајните советници, им биле изложени на сигурна настинка поради ноќното одземање на шинелите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Под шлемот му ѕиркаа очите со остар поглед и потспуштени веѓи; мустаќите тукушто зарастени; воврен е во долг шинел; со едната рака го држи ремникот од пушката обесена на рамото со бајонет кој излегува од сликата; под работ на шинелот му се гледаат камашните изврзани од цокулите па нагоре кон колената; зад него ров со бункер од кој излегол да се слика; и дрво осакатено од граната како удрено од гром.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но зашто беше невешт со иглата и со конецот, или се правеше невешт, Василица, за да го мазне што побрзо од дома, сама му ја соши петлицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Приказната за ограбувањето на шинелот, иако се најдоа и такви чиновници што не ја пропуштиле дури и оваа можност да се подбијат со Акакиј Акакиевич, сепак многумина ги трогна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се сретнаа неколку пати на чешмата на срецело и тоа беше причина, и охрабрување, да дојде Десимир дома кај Јанческите и да побара игла и конец, божем за да си сошие некоја откината петлица на шинелата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)