на (предл.) - штаб (имн.)

- И, заедно со Питу и со другите војводи, влегоа во шаторот на штабот. Таму веќе го чекаа писма.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се ближеше крајот, а графиконот закачен пред бараката на штабот покажуваше дека ако се продолжи така знамето нема да се развее над логорот од нивната бригада.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога командантот на штабот се врати од град, нареди да се запре пукањето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И, наеднаш во очите му блесна искра: тој решително зачекори накај високите црници, во правец на бараката на штабот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во бараката на штабот, подигната во сенката на високи црници беше тихо, толку тихо да не се слушаше ни мува да брчне. – Значи, вие сакате да станете бригадири? ги прашаше по втор пат командантот, гледајќи ги се’ така потсмешливо или пак така им се чинеше. – А зошто не сте се пријавиле во бригадата од вашиот град?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
201 Планот за операцијата “Retweek“ бил разработен во штабот на Балканските воздухопловни сили и позадинскиот дел на штабот на Маклин во Бари.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)