на (предл.) - штурец (имн.)

Тогаш тој му се наведе до лицето, ослушна за час – во ноќта осем песната на штурците не се слушаше ништо друго – и му шепна: - Ќе одам на Младинскиот канал ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Занемено, жмиркам, дремам Под мене тепих од ранки рози Мечтаам да видам уште едно сонце Два паралелни универзума во осмози Свет како нашиот, само посовршен И овој пејзаж, питорескен недовршен И овој в тревата на штурците шум И оваа роза со трн да ме боцне Ќе треба За да излезам од сопствената пародија За да излезам од сопствениот ум! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Некои од птиците, а особено црвеношијките, сè уште живо пееја, дури и по стемнувањето, а имаше и звуци на штурци, а Милановата мала воденица за мелење на жито брмчеше како големо водно коњче.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Свирењето на штурците ми доаѓа како ѕвонење на стадо, истерано на ноќна испаша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во секојдневните претпладневни звуци што го огласуваат животот во планината: црцорот на штурците и скакулците, брмчењето на пчелите и мувите, повременото шепотење на кориите низ кои мрзеливо се провлекуваше утринското свежо ветре, ѕвонежот на невидливите стада, - Бојан насети и брчење на автомобил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одвај забележлив, некаде под тревата исплашено и испрекинато се одгласи цвркот на штурец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пребарувам по мрак од зајдисонцето, носена од мелодијата на штурецот... во летната спарнина воздухот трепери како згужвана свилена тканина...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)