на (предл.) - јаболкница (имн.)

Ајде бакалум. Нека излезат напред и нека кажат: „Ние бевме и тоа и тоа сакаме“. Жими вера, ништо не правам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Возот влегува како меѓу намети бел снег, наврнат на јаболкниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Родот на јаболкниците се крастоса, се крастосаа и крушите, сливите родија плод без семки, плускав, запложен, издолжен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ама ако не кажите, жими вера, сите ќе избесам тука на јаболкницата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Перса ја отвори куќата, ги лсна светилките, една блесна и врз масичето закачена високо во гранките на јаболкницата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)