на (предл.) - јастреб (имн.)

Кога се одбила нечујно од небото на јастребот верна и на безмерноста та си можел да ја чувствуваш одсекаде а да не ја најдеш. На тој неземен миг сети се.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На плашливиот крик на јастребот, змијата, која реагира на најмал шум, се разбуди, кревајќи ја главата кон нив.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Улицата беше тивка и нема, долга и празна, само неговата сенка се движеше како сенката на јастребот низ полето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Нозете му се лизгаа по угорнината, непрекинато колван од клунот на јастребот, ги затвори ушите, за да не го слуша повикот на бикот Чако, препотен до гола кожа, бегаше, бегаше...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сенката на јастребот паѓа кружно врз Земјата од која извираат води како забранети љубови а човекот ѝ се покорува на жедта и кога ја порекнува.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Жал му беше за невиното сиво гулапче што стана плен на јастребот, и ги стегаше песниците, заканувајќи му се на крвожедниот воздушен разбојник.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)