на (предл.) - јајце (имн.)

Мазен е како јајце и е со облик на јајце, кое, во висина, досегнува 60-70 сантиметри а во должина метар до метар и дваесет.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А по некое време, кога малите кукавчиња, ќе се натоплат и кога ќе ја искршат со црните клуничиња кората на јајцата, сојката гледа - ја излажале.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Најгорниот кат речиси беше готов, становите, иако личеа како јајце на јајце, како што се завршуваа, така добиваа некоја своја индивидуалност во зависност од тоа дали имаа балкони, дали пулеа на југ или север, на исток или запад, колку големо ходничето што ги собираше вратите од просториите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ја алкаме така ноќта, газиме ко на јајца, одиме ко на јајови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што се однесува до конзервативните „драпачи на јајца“ и нивната „трогателна“ љубов кон „старините“, за нив можеме да имаме ситно и дискретно сочувство, скромна но и смешна емпатија поради духовниот кафез во кој живеат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)