на (предл.) - јод (имн.)

Мрдаат со главите, со ушите и сите смрдат на јод и на ракија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Околу нас мириса на шпирт, на јод, на ракија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога дошле со мирис на сол или на јод или на морски треви во косите, еден од друг погрд и сепак со чудна смиреност под русите веѓи, рекле Дојдовме од далечни мориња, бевме со синџири врзани за кораб, му отслуживме на царот, нѐ пушти болни и без заби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Биле тројца и веќе никој не ги паметел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)