на (предл.) - џамија (имн.)

Како и секојпат, така и една вечер, во една од тие големи кафеани беа се насобрале повидните бегови, аги и други Турци.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На сите страни, дури до небо, се издигнувале белите високи минариња на џамиите. На нив се качувале оџите и ги викале верниците на молитва.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Стражарницата во вид на михраб на мостот, обично вградуван во внатрешноста на џамијата, можела да биде замислена и како вид божјо испраќање на војски во нивни походи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Книгите и ракописите од оваа библиотека исчезнале од пламените јазици на пожарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Причината поради која Татко го доведе Камилски во оваа џамија била некогашната библиотека на медресата која била во состав на џамијата, којашто како по бројот на книгите, така и по нивната разновидност се вбројувала меѓу најголемите библиотеки во XV век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Градбата ја претставува раната цариградска архитектура изведена според примерот на џамијата Рум Мехмед-паша од Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во подигањето на џамијата, сигурно знаеш, учествувал мајсторот Хусеин, од Дебар. Ти кажува ли тоа нешто?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Водарите не полнеа вода ако таа не наредеше, варџиите не ја гаснеа варта ако таа не го кренеше камшикот, а делкачите на каменот што се собираше за градење на џамијата, а што ќе преостане и за кулата и теќето, не работеа додека таа не поминеше и со опул не ги штрекнеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тогаш се слушна езанот од минарето на џамијата. Беше време за оглен намази и кајмакамот го прекина зборувањето со ибн Бајко, и со очи замаглени и отсутни, се струполи да се клања врз сеџадето што го одвитка и посла.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)