на (предл.) - дрвен (прид.)

Ја качиле на дрвената кола, па кога стигнала до ридот кое ги дели двете села, ја подигнала главата, фрлила поглед врз Рајчани, го видела и тогаш починала во спокој... ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Северниот студен ветар наспроти јужниот. Мовта на дрвената кора е на север.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Утрово, самувам на дрвениот стол, кој сакаше да се сруши под мене, двоумејки се: дали да ме поддржи?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На дрвено миндерче седеше човек, со долга црна брада.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Имаме кревет, дрвен. Ако можеш да спиеш на дрвен кревет, ела.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тогаш во најстрога доверба првпат видов голи женски на црно-бели фотографии, баш тогаш, кога некои од другарчињата ми се фалотеа дека под процепите на дрвеното мовче во родниот град ѝ ги виделе гаќичките на строгата наставничка по математика.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Кога дојдоа Србите, извади едно пусулче превиткано како аптекарско ќесуле за прашок против болка и стуткано во чкрипливото стапало на дрвената нога, според кое произлегуваше дека односниот се борел во редовите на српската војска, дека бил ранет и дека се инвалидизирал, па се молат српските власти да му излезат пресрет, покрај тоа што ќе му доделат инвалиднина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татко најчесто пишуваше со мастило и со перо, на дрвена перодршка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Топлата есен 2000 година од Христовото раѓање, во Византион илити Константинопол, илити Цариград, илити Стамбол, илити Истанбул на западната страна на црквата „Св. Софија“ (Аја Софија) откај што можеше најубаво да се види, да се доживее храмот, седнат на дрвена скамејка и по четврти пат го почувствував студеното ветре околу моето срце и знаев дека, од некаде, одблизу ме демнат темните очи на Рибоокиот, и оти неговото тело е во близина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Правена е по план, донесен од Германија, каде што тако му работеше како слаткар: куќата е со висок стрмен покрив кој не држи снег, и на кој, на сите четири страни, има тавански прозорчиња што го осветлуваат просторот под покривот; на сите четири ѕида од куќата: и на долниот и нагорниот кат, има мали дрвени балкончиња и тесни врати кои излегуваат на нив; над нив има гипсени украси: развлечени триаголници што се испакнуваат од фасадата; по рабовите на куќата, исто така, се спуштаат гипсени бордури; куќата е обградена со зеленило што ја прави уште поубава; пред куќата нема градина како пред многу други куќи, туку е посеана ниска трева која како зелено кадифе го покрива сиот простор; низ тревата постојано се разлева една браздичка со вода и ѝ дава свежина и силно, блескаво, зеленило; пред куќата, под лозницата што е разгранета на дрвени потпирачи, се белее гроб направен од мермер; околу него цвеќиња и масичка и столчиња направени од преполовени костенови стеблаци; оградата на дворот е од мазни дабови плотици со куси врвови исшилени како запци од шара.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И пешкирот е таму зад вратата закачен на дрвен чивилук.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бабата на дрвена табла со креда напишала: Тури потпечи... ѓомлезе... риба со гравче...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од нивните напукнати души се цедела на секој чекор супстанцата на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пат, гробови, на врвовите на дрвените крстови покојнички шубари - линија на сенишен појас со страшила за сеништа. До кога?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така, потивко отколку што се очекувало додека со некаква измореност ги потпирал градите на дрвените запци, прашал: - Колку деца изделка, мркачу, со првата, покојната Коца на Трипуновци, и колку со сегашнава што ти дојде од Побожјане?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник се свртел со бавно движење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секој миг постојано ги разместувам, така што формираат дополнително шаренило врз црно-белиот стереотип, на дрвената табла.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Според кажувањето на некој негов сосед, тој Брзакот живеел во некој чикмак на Дрвен пазар.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пронајдов: твојата збирка пеперуги под стаклената поклопка на дрвената кутија беше твоја пролет.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Почука на дрвената порта. Излезе средовечен човек со црни мустачиња.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тоа беше постар граѓанин, во службеничка облека и неговата појава можеше да се објасни само со присуството на дрвената билетарница што беше затскриена во честакот од неколку стројно израснати кипариси што во темнината потсетуваа на вистински чувари.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Старо, прашливо пивско шише, божем случајно оставено на дрвена полица.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Сите бегалци дојдени од Гаково, од Војводина, веќе знаеја дека во денот кога падна последниот голем снег што ќе држи дури до крајот на зимата во Скопје се појавил Димостен ама не оној што сите го познаваа и чие кадро го носеа од дворот на Одборот кога таму на дрвената кула со едно наведнување си ја откачи едната нога и високо ја крена, овој што поминал од тука (рекол оди надолу по Вардар), не бил ни половина од оној што го знаеја.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Прв пат го видовме на дрвената кула во дворот на одборот и бидејќи Ангелина гласно проговори зошто таков млад и силен маж не е во борбата, тој се поискриви малку и ни ја покажа својата една нога-дрвена!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од тешката радост не можеше да се совземе и со ред да ѝ пренесе на Чана вечерта кога таа ја намести својата голема снага на дрвениот кревет, само ѝ рече Најдов одајка мори Чано!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Чана молчи, ја стиска болката во себе и одвреме-навреме погледнува во трите главички што се стиснале врз сламарникот на дрвениот одар каде што спиеја со баба им.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во една таква расположба, недела две пред самата Нова година, Пелагија и Чана заминаа од долното предградие кон центарот на градот, не со умисла да купуваат за себе или за децата, туку да го поминат центарот, да го изодат плоштадот, да завлезат во уличките зад него, да ги признат фотографиите на новиот филм во кино Младина, да излезат на дрвеното мовче преку кое ќе стигнат до малечкото плоштадче пред театарот, и уште потаму, до онаа грозоморна зградурина под Калето што ја викаа Фестивална а беше начичкана со бегалци, со Егејци.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ми се полнат ушите од штракањето на дрвените сметалки, го привикнувам носот на белите запршки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Земав една од салфетчињата што стоеја на дрвената маса.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А во тихите вечери, кога над реката се вртеа јата комарци, а рибите скокаа по нив, дедо Гога стоеше на дрвениот мост очекувајќи да ја види и необичната риба што скока повисоко од сите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)