на (предл.) - жален (прид.)

9. КИНИСАЛО МОРЕТО В РЕКА ДА СЕ ДАВИ - така е штом светот вртоглавица го фати, изместени вредностите и смешни ги прави и на жалните комендии им отвора врати...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Оној кој талка по исушеното корито кон изворот Препуштен на огнените дождови на сонцето Ги познава искушенијата на црвот Кој тргнал во потрага по ветениот плод А заскитал во конаците на жалната врба.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Зад нив и зад дрвото, поточно зад одамна сплетена ограда од црни прачки, во војнички ред пловеа по стрелесто прав поток три пајки и еден многубоен паторок. Над нив висеа сочни реси на жална врба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во крошните на жалните врби гулаби диви, гнездо вијат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во темнобронзовиот двор сличен на половина од голема тепсија стоеја безработно потпрени на криво дрво двајца, Сандре Самарија и Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)