„Кој сум, ќе видиш сега. Гледај сега, правичен Шабтај“, рече гласот на латински јазикот кој скромниот битолски метлар пак одлично го разбра.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но познат е фактот дека во библиотеката на Иса Бег џамијата во Скопје се наоѓале коментарите на Фузули на делата на славниот мудрец и татко на медицината Хипократ, дури еден век пред да започнат да се преведуваат неговите дела на латински јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Земаш, рецепт, даваш лек. Рецептот е на латински, а лекот е на македонски.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Улогата на арапскиот јазик угледни научници ја изедначуваат со онаа на латинскиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овој од вчера е наш нов пациент, - им објаснуваше примариусот доктор на стажантите, кои одеа по него. Дијагнозата ја даде на латински и Томо не ја разбра.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И не биле парите закопани на Градишка Вода тук на Латинска Црква.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но лекарот ги извади слушалките од ушите и ѝ одмавна со главата, па место кочанот со рецепти ѝ побара да ископа од торбата посмртен лист, па ѝ издиктира како да го пополни според податоците од здравствената книшка и плус неговата дијагноза на латински јазик како причина на смртта. (Нешто како апоплексиа фулминанс).
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Камилски беше фасциниран од овој податок, просто не му се веруваше.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- А како пцуеш кога не ти оди? - На мајчин јазик, не на латински. На латински воопшто не се пцуе.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)