на (предл.) - прост (прид.)

Сложената динамика на простите системи Сите овие осцилирачки системи стануваат хаотични поради тоа што го содржат елементот на „фидбек“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Или да раздели сложени емоции на прости потреби.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Рекло момчето: „Отче не може да биде таја хубост и таја разум на проста рода. Она се види да е царскиј род.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Значи, таа народна уметност, онака како што ја замислува Партијата на власт, не е ништо друго, туку еден вид специјална културна полиција, која треба да го заштити паланечкиот конзервативизам и духот на простиот, недограѓанет селанец, кој има желба да создава уметност!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мејл-артот е роден како спротивставување на здодевните уметнички училишта создадени од трговците, галеристите и критичарите, кои ја задушуваат уметноста, сведувајќи ги „уметничките трагања“ на прост економски ефект.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Знаеше дека во преградата веднаш до него, ситната жена со пепелава коса, работи на просто пронаоѓање и бришење од печатот на имињата на луѓето што беа испарени и за кои, според тоа, се сметаше дека никогаш не постоеле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Криминализацијата на дрогите носи големи профити, колку и апсурдно да звучи, старата добра логика со помош на проста математичка операција наречена статистика ќе ни докаже многу лесно дека пазарот на дроги е регулиран токму од оние центри на моќ кои водат цели кампањи за борба против дрогата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но дали демократијата е буквално владеење на народот или, пак, тоа означува владеење на неколкумина курнази кои уствари го злоупотребуваат гласот на простиот народ?
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сега конзервативците имаа доказ и потврда за последнава од своите пронигби – тлоцртот за хомосексуалната превласт над светот, самиот план на походот – ене го таму, на прост англиски. ‌Добро, барем насловот беше на прост англиски. ‌Описот на предметот, всушност, воопшто не кажуваше ништо за никакво преобратување на студентите хетеросексуалци во хомосексуалноста.2
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)