на (предл.) - стаклен (прид.)

Она, што подоцна можеше да се нарече крвави последици од скршениот излог всушност и настана токму од тоа мирно свлекување на стаклениот џамлак низ кој наеднаш , како низ одзатната стерна, добитокот шумно потече.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стојам на стаклени проѕирни столбови, а платформата е толку тенка и слаба, што секој момент може да се скрши.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се начичкавме на стаклената врата и живо ѕиркавме во сандакот со десетина маси, со тезге, зад кое газдата спиеше буден, со зли келнери и меки полни певци, нацрвени и сонливи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Беше тоа слично на илузијата на Винстон додека гледаше во срцето на стаклениот тег за хартија и си замислуваше дека би било можно да влезе внатре во тој стаклен свет и дека кога човек еднаш ќе се најде во него, времето може да биде запрено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Десно горе, над моќниот кубус, сместено е нешто што наликува на стаклена кугла, каде што се наѕира „сигнатура“ на човечко-надчовечко лице.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Фигурите на оваа слика се стопуваат (со својата транспарентност) со реквизитите на пропаста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Господи, тоа беше клокот од грофтање , од мукање, од блеење; булукот протатне покрај мене и низ мене како најбрз летен порој кој остава зад себе пустош а во нас ја поттикнува рамнодушноста и тоа само заради немоќта да му се спротивставиме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)