на (предл.) - трагичен (прид.)

Тоа никој не го забележува, но таму се толку близу човечката немоќ и човечката семоќ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од тоа не следи, меѓутоа дека Константин Кавафис (29.04.1868 - 29.04.1933) обожавател на трагичното во широка смисла на зборот е „историски поет“, како што самиот изјавил туку поет кој вдахнува и овоплотува.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Намерата на овој запис не е да пребарува по песните, по минатото, по деталите и по севкупноста на историските збиднувања на трагичната смрт на Рацин.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Чиновите на драмата се одвиваа во Елбасан, Тирана, Драч, Скадар, Влора, Саранда, Бутринт, Ѓирокастро и Поградец, градови кои требаше да бидат посетени, додека главните сцени на трагичната гротеска се одвиваа во театрите, музеите, крај бункерите...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко, внесен во своите свети книги, стравуваше најмногу за судбината на својот албански народ зашто, троверен каков што беше, лесно можеше да се најде на трагичните распаќа на историјата, лесно ќе го престројуваат на погрешната барикада, лесно ќе асимилираат него­ви делови за сметка на другата вера, ќе го натераат да ги брани границите кои го разделуваа со своите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И токму нејзината изведба, како што забележа Итан Морден, им буди на геј-мажите завист и очај.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Изведбата на Џоан Крафорд во Милдред Пирс очигледно е изведба што секој кому мелодрамата му е по вкус – односно, секој што не може да ги заземе, што не посакува и што не може да се стреми кон величието и престижноста на трагичната возвишеност – не може да не ја подражава или да ја преизведува. ‌Сигурно, ненадминливото подражавање на Џоан Крафорд на мајчинското мачеништво и абјектност не ги одвратило поненадарените исполнители да ја „играат“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во Музејот на трагичните сеќавања, сместен покрај големиот монумент на моќта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)