на (предл.) - јапонски (прид.)

Меѓу американските историчари сѐ уште се води полемика во однос на јапонскиот напад на Перл Харбор.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Минав првин крај резиденцијата на јапонската амбасада, оставајќи ја зад себе аргентинската во која живееше мојот голем пријател амбасадорот Марио Пико, со својата сопруга, Чилеанката Паола.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
кога се враќав од јапонија каде другаде ако не кај станицата синџуку во токио налетав на гејши со црвени чевличиња и црвени чадорчиња видов и збунети германци кои знаеја што им бараа на гејшите ама не знаеја тоа да им го објаснат на јапонски а и гејшите чешит гејши неоти не знаеја што им бараат ама си беа задале пауза за дискретно мајтапење со збунетите германци и нивната излишна цалензи бите наперченост во улицата паралелна на улицата на црвените фенери
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)