на (предл.) - безброј (прил.)

Токму таа загуба на идентитетот на уметничките стратегии им допушта еден специфичен рез во телото и една специфична структура која сака што повеќе да се оддалечи од традиционалната физикалност на телесните ограничувања, како што се просторот и времето, која сака да се оддалечи од причинската или непричинската логика на прикажување и наместо тоа да обликува некоја нова структура: структура во која ќе биде можно учествување на далечина, која ќе биде од информатички материјал и умножена на безброј нивоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Датумот се беше задржал во сеќавањето на Винстон затоа што тој ден случајно беше Иванден; но целата приказна мора да е забележана и на безброј други места.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Идентитетот се дроби во моментот кога веќе нема просторни ограничувања, кога се случува одвојување на телото и просторот, каде што групите веќе не се дефинирани со просторни туку со дискурзивни особини.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)