на (предл.) - несвесно (прил.)

Со моето откритие на несвесното, со објаснувањето дека токму оној дел од нас кој ни е скриен и непознат, ги одредува нашите мисли, чувства и постапки, јас сум на пат да го сменам светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа ќе биде третата голема револуција во човековото поимање на светот и себеси, по онаа на Коперник и Дарвин: Коперник му покажа на човечкиот род дека не е центар на универзумот, Дарвин му покажа – дека не потекнува од Бог туку од мајмун, а јас – дека човекот не е она што мисли дека е.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И не само тоа. Негова поголема заслуга е што „сонот“, таа најнепосредна манифестација на несвесното, на еден ослободувачки начин го спротивстави на „идеалистичкиот“ рационализам на своето време.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Фројд, кој како и Фичино, на граѓанската Европа ѝ ги даде обновени прастарите ориентални мудрости неретко, се разбира, во сосема рационализирана форма, како некаков ориентален волшебник барем привремено ги разорува градовите во облаците на доцнаграѓанскиот идеализам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ми се чини дека точно приодот од видливо кон невидливо ја покажува, меѓу другото, и сега апсурдност на психеделичката уметност која докажува дека преку стимулантното дејство на психоделичкиот фактор личноста може да ги продлабочи своите доживувања на надворешниот свет и дека свеста спрема себе си ја проширува на тој начин што доаѓа до активирање на непристапните региони на психата кои во нормални услови остануваат скриени во пределот на несвесното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)