на (предл.) - празно (прил.)

Ама раката низ празно ми поминува и на празно ми запира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Стариот мој да нѐ види вака, кожинката би ми ја одрал.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ајде, смири се! Да не ги бришеш нозете од тапацирот!“ рече Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Најпосле Петре го врза јажето за тргање на камбаната оздола и ја одвитка крпата со која беше завиткано клепалото за да не удри камбаната на празно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А сега тишина и гледајте: вака се држи воланот. На празно не смее да се врти.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)