на (предл.) - случајно (прил.)

Оти не знаат дека кај Танаско и Пена се оди од левата страна по самиот стрм брег што не пружа голема сигурност, тие влегуваат во разејнатата уста и долго не можат да се снајдат во темницата, тропајќи на случајно надрабаните врати или на оние што ги откриваше некоја слаба светлинка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зедов книга и сакав што побрзо да заспијам со неа в раце, но сонот не доаѓаше и јас почнав од некаде, без ред, на случајно отворена страница, да читам: „...во мириси што продираа длабоко во крвта и стануваа дел од мене, мирисаше на живот што со ситни гласчиња и движења се обединува во нешто силно, посилно од сѐ што би сакал, неделиво од мене, исто што и јас самиот, сѐ уште непронајден а желен... и мирна светлина е над мене и над светот, трага од нешто во мене, нешто што можело да биде и што било, нешто што ќе биде ако истраам во оваа празна состојба, без одбрана и без заштита, со браната на навиката и свеста и волјата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)