Така полека откриваме двојна претстава во едно наизглед безизразно Gary Hume: „Man, Woman, Jealousy and Passion“, сјајна боја, картон, молив врз обоено поле.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Безизразноста на тоа поле панел, 201х133 см, 1993 станува уште попарадоксална ако знаеме и за една историска референца врз основа на којашто Хјум ја формирал својата со грб свртена фигура.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, беше ли кај Борко тоа само одглас на менталитетот напластен и зацврснат низ искуството на генерации негови предци?
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Натаму, татко ми сите општи проблеми на развојот, на движењето на сета ука од најразлични книги ја проверуваше низ искуството од природниот живот на Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Повторно помислува дека историјата е само еден бескраен след на жртви, меѓу кои по необјаснивата волја на Севишниот се вбројува и оној што, еве сега, се жртвува со експлозивна направа, и оние невини луѓе во автобусот во кој ја активираше, како и самиот тој, невиниот рабин Елеазар бен Цви, кој ете ни на крајот, сега додека умира, со последниот атом на свеста не може да го сфати цинизмот на историјата, ненадејноста на збиднувањето и непредвидливоста на искуството, зашто целиот живот невино верува дека не е нужно да се помине низ искуството, да се проверат нештата за да се прифатат од друг дадените заклучоци.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)