На една од своите трпези,  со десетици имиња на монаси издлабени  врз трпезата,  во зографскиот манастир на Света Гора,  седат монасите,  дрвена паница велигденска чорба  и бокалче црно вино пред секого  и откако ќе ги испеат сите молитви  и удри камбаната  за да ги здружи морето и ѕвездите  на прозорецот болснува секавица  колку за миг да се види сенката Исусова  додека воскреснува.
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Откако бил примен лично од Махмуд II и лично од него одликуван со орден, добил и три царски фермани: едниот да смее да носи оружје во секое време и пред секого, вториот да седи во Покраинскиот меџлис и да го заштитува народот од сета Мијачија и од сета Деборија, и третиот, кој бил издаден лично на негово барање, да смее да подигне џамија во Лубаново и црква во Лазарополе.
               
             
           
            
            
              „Потковица на смртта и надежта“
               од Миле Неделкоски 
              (1986)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Море што се пречкате тука, дајте ја ваму јас ќе ја пресечам. (Ја грабнува погачата, сече и фрла пред секого по едно парче, а останатото ѝ го дава на Ката).
               
             
           
            
            
              „Парите се отепувачка“
               од Ристо Крле 
              (1938)