Да го сетам до срцето свое!... (Се тргнува исплашена од овие мисли).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ако го изоставиме пиењето, а во пиењето и не беше меѓу првите, и ако заборавиме на карањето, ама и тоа му беше на туѓ јазик, тогаш и не знам која би му била големата вина пред Господа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ох, ти врапче невесело!... Што грев на душа ти носиш, та дури срцето да ти плаче, прашајќи за невиден татко? (Се одделува од детето).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
- Ете, Кузе, пред Господ и Богородица ти давам... – ја отвори кутијата и почна да брои: сто и дваесет и две лири, седумдесет и осум наполеони, три златни белезгии, три златни шердани, четири сребрени пафти, еден сребрен колан, шест златни прстени...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)