Ете, кај Дамчевци се настрвил Булиман; нема недела да не дојде со десетина парталковци, маната на лов по Лигураса, слегуваат долу в село и со дни и недели беснеат со таа кучка — ќерка му Ѓурѓа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дури откако војската се оправи со нови униформи, Баге се добра до чизми со изедени потпетици, виндјакна со десетина џебови со бриџ - панталони што се клаваа на сарите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Иако и самиот со десетина рани на своето жилаво месо, Парамон се извлекол да се крие од планина на планина и да остава зад себе запалени сараи и заклани туѓинци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ослепен, крвав, без една рака или нога, го наденале на кол под скопскиот мост да го слуша плачот на Вардар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се начичкавме на стаклената врата и живо ѕиркавме во сандакот со десетина маси, со тезге, зад кое газдата спиеше буден, со зли келнери и меки полни певци, нацрвени и сонливи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во вршидба време отиде во Битола со десетина селани и на излегувањето сите изнесоа по две три. Раиф ефендија си достоја на зборот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во овие патеписни репортажи, од моите патувања во странство, поместени се и тие „Од Париз до Истамбул“, искористена е истата методологија на презентирањето на ракописите, по држави и хронолошки, меѓутоа тие се надополнети и со репортажи, објавени во „Моите бележења“ („Полог“ - 1978 година) и уште со десетина други репортерски белешки, кои за првпат се јавуваат во предложената книга.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тргуваа луѓето со што можеа; Раифа не го гризеше совеста што продава пушки на христијанин.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)