со (предл.) - брчка (имн.)

Имаа диви лица со брчки, можеше да се поверува дека се делкани од оревово дрво пред стотина години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Марко Проказник се изменил и им се доближил со брчките на своите години: Стана некако лесно и го стегна олабавениот колан.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Светечкото око на ѕидот сега беше поинакво, поголемо и повеќе темно, некако за своја сметка загледано во далечините, а ловците се движеа со бавни чекори и изгледаа како луѓе што до крај на животот ќе душат пред себе со кучешки занес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Одново и одново се загледувам во нејзините очи, во лицето и челото ишарани со брчки и покорно, наведнувајќи глава ѝ бакнувам раце и ... занемувам од восхит...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Калта е сува со брчките на тркалата врз своето лице.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)