со (предл.) - господин (имн.)

Но тие пак, не сакаа да имаат работа со уќуматот, а особено со полицијата, а уште помалку со господин Јачмениќ. Кој ќе чуе, што ќе рече?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа што сѐ уште ве ословувам со господине е, се разбира, со благ вкус на иронија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И ја барам Вашата поддршка во однос на она што притоа му го наложив”, одговори Беренц, иако беше известен дека веднаш по посетата кај него градоначалникот бил во посета на владиката.  „Вчера се видов и јас со господинот Карер, но тоа беше една неслужебна средба.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со господинот Тихомир од Машкото друштво „Осамени срца“ Азра се запозна пред три месеци на една журка што ја организираше оваа асоцијација во бараката на синдикалната подружница во населбата Расадник.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Зборував со господин Херцог пред малку, тој ме упати до вас.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Уште при првата средба со господинот што раководеше со развојот од овој вид во државата, јас му реков дека треба, тоест дека мора да се направи овој водовод.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
ВЕЛКОВ: Мајката негова грчка. (Пауза) Не ме запозна со господинот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„За што се работи, командиру?“ „Нам ни е неопходна деталната листа на еврејските семејства што тука живеат”, рече Беренц.  „И?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)