со (предл.) - декрет (имн.)

Капитализмот во темните работилници; фашизмот, со декрет на Мусолини во 1923 година, ќе се обиде во Италија да ги обесхрабри козарите наложувајќи зголемен данок за секоја коза...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кутрите испитаници; од кај јадниве да ги знаат одговорите на овие прашања кога на телевизија (а и на радио) е со декрет забрането рекламирање на партии.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Со декрет од 30 март 1492 година во чудесната палата Алхамбра во Гренада е објавен декретот за прогонството на шпанските Евреи низ Европа и Медитеранот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Султанот Бајазит II ќе ги отвори широко вратите на својата земја за прогонетите шпански Евреи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Роза Луксембург и Клара Цеткин: Со декрет наредија жените на Осми март ништо да не работат, туку да одат по кафани и да играат чочек на маса.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
И неговото кажување ја следеше шемата на К.К.: - Со декретот од 22 ноември 1967 нашата земја се прогласи и официјално за прва атеистичка земја во светот и во историјата на човештвото и со Уставот беше забрането секакво верско изразување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)