со (предл.) - изговор (имн.)

Меѓувремено продавницата се испразни. Влезе внатре со изговор да купи кутија цигари и да види дали евентуално ќе чуе уште нешто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но крајната цел им остануваше како да се обезбеди за нивните потомци мирна и среќна иднина, со изговор дека нивното веќе минало и единствената смисла на животот е во спасот на децата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Наместо мене ја пратив Лима, а јас си заминав во собата со изговор дека ми се спие и сакам да се одморам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Наеднаш низ Петербург се раширија гласови дека кај Калинкиниот мост и многу подалеку почнал да се појавува ноќе еден мртовец со изглед на чиновник, кој бара некаков одземен шинел и кој, со изговор дека му е грабнат шинел, не обрнувајќи внимание ни на чинот ни на звањето, симнувал од рамената секакви шинели: и со крзно од фока и од дабар, прошиени со вата, бунди од енотово, лисичјо и мечкино крзно со еден збор, секаков вид крзна и кожи, какви што само измислиле луѓето да си ја прекријат својата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од сите страни непрестајно стигнуваа жалби дека грбовите и рамената не само, да речеме на титуларните, туку дури и на најтајните советници, им биле изложени на сигурна настинка поради ноќното одземање на шинелите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Побрзо да свршиме работа, - рече со изговор својствен на Власите, што братучедите ги потсетуваше на говорот на оние Власи од бачилата брзнички.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Имено, со изговор дека наводно, заедно со останатите работници на смена, сакајќи да прибават противправна имотна корист од 5.250 МКД, при утовар на поголема количина сепариран влажен песок од декларираната, го оштетиле претпријатието2  – им е врачена одлука за престанок на работен однос поради кршење на дисциплината, донесена од страна на директорот, а без никаква внатрешна дисциплинска постапка и без никакво предупредување пред исклучување или, пак, било каков друг вид на опомена или санкција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради близината на неговата работна позиција до 37 раководството на компанијата, Н.Н. беше во можност да ги забележи сите дејанија и начини на работа на раководниот тим – што секако вклучуваше и многу ризици кои подоцна, во ноември 2001, се ефектуираа со незаконит отказ од работното место, со што и настанува спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)