со (предл.) - колан (имн.)

И колку таа го стегаше со коланот за да не е упадлив, тој при скокањето уште повеќе ѝ се испакнуваше, а чувствуваше како и зародишот игра во неа, ја клоца со нозете, мава, лутејќи се што го стега.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тогаш во дворот влезе човек со голема, веќе подбелена брада, опашан со колани и почна да им дава наредби на комитите на наш јазик.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сенката трепереше. Се издолжуваше и го прекриваше ѕидот, како некоја проѕирна наметка со појас или со колан над неа, и со краишта што допираа до земја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)