со (предл.) - кум (имн.)

ЦОНКА: (Ослободена, лапа лакомо и бргу да навакса.) Гла-а-дно...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Божиќни пости — грав, Велигденски — еднаш грав, еднаш јајца; Петреви пости — волна, и на Водици со кумот — сланина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ЦОНКА: (Скришно го штипнува бебето, и тоа заплачува, На Петрија.) На, мори куч... (Погледува во Теодос се прекинува.) Ова... кутре... И тоа сака да руча со кумот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)