со (предл.) - нетрпение (имн.)

— Што велиш, Толе, да ода или да не ода? — го праша Митра Толета и со нетрпение го очекуваше неговиот одречен одговор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зачекаа со нетрпение. Куле дојде до чешмичето и свирна тивко трипати со уста, а од капињата доби одговор и отиде кај другарите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Лица загрижени, со нетрпение чекаат во длабока размисла.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
LIX Татко го затекна својот пријател Камилски во својата библиотека тажен, наведнат над своите речници, во потрага по последните турски заемки од речниците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко на чардакот со нетрпение го очекуваше Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мораше на крајот да му ја признае својата немоќ и на Татко, кого го очекуваше со нетрпение на последната битка во библиотеката...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Осоколен од љубопитните очи на девојчињата, кои со нетрпение очекуваа да дознаат зошто сум ја зел скалата и каков мајмунлак сега готвам, го презедов најинтересниот подвиг сам со себе, оти човек себеси треба да се запознава цел живот, оти може многу повеќе да стори одошто мисли дека може, и одошто општеството, преку дипломи и документи му кажува дека може.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Жеравите беа драг спомен, убаво сеќавање на смирените предзимски ноќи в село, кога децата со нетрпение го очекуваа снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа ги голташе и со нетрпение го чекаше следното издание.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во тоа време кога Бандо и жена му ги сонуваа овие соништа, војската крстосуваше низ селото: одеа на фронт, се враќаа, пренесуваа раненици, довлечуваа оружје; се слушаше далечно пукање на топови; луѓето се качуваа на планината, одеа со чунови по езерото да чујат што подобро, се будеа ноќе кога пукотите на топовите ќе се огласеа поблиску, и со нетрпение чекаа да се пробие веќе еднаш фронтот, да дојдат сојузничките војски од Грција, да им дојде крај на овие исчекувања и маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со нетрпение притискам на копчињата со бројките и потоа на зеленото копче. - Ѕвони - ѝ велам на сопругата. – Го имам...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бројката сосем го обзема, му поигрува во главата, му прелева врелина и пот, па тогаш со сигурност и со нетрпение почнува да пресметува: најважно и најпрво ќе направи куќа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
II Денеска со нетрпение чекавме да влеземе в училница. Радоста нѐ скокотка и сите како пчели брмчиме и врескаме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Долго време и со нетрпение чекавме со извадени ножеви.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)