со (предл.) - ниет (имн.)

Ова е почеток на кус расказ напишан од опитна рака, со ниет да се продолжи, да се прошири“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа го турна не со рацете ами со очите да седне, па седна и самата спроти него, прекрстувајќи ги долгите нозе и исполнувајќи го седиштето на столот, како и без него да била со ниет тоа да го направи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Војничето сакаше да го продолжи разговорот, но Мајка си беше со ниет да си ја мине границата што побргу.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Та кога слеговме со татко ми од Карабуниште до Солун, сѐ по патот и стадата на Куцовласите, со ниет да спечалиме нешто по светот, место да се качиме за Босфор или како што се викаа Дарданели, ние сме се качиле за Гибралтар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)