со (предл.) - поглед (имн.)

Каква конфузија. Не би било добро - похотно шарајќи со погледот изговори тој.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А што ако испадне обична „нула“, во буквална смисла...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И свеска ми тоа не би го сторила иако јас и таа со погледи одамна сме се разбрале; двајцата знаеме дека чекаме можност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со поглед барам по беспределноста да здогледам зрак сина светлина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Важно е моето поведение. Затоа, со поглед ѝ давам знак, ѝ кажувам да не се грижи, дека не сум заборавил, дека веднаш по свечаноста пак ќе бидеме заедно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Потчукнав со прстите по бронзата и прошетав со погледот наоколу по вакувскиот простор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го сакаше зашто ним им ја оставаше радоста, додека грижите и осаменоста ги носеше со себе во кројачкиот дуќан, ја разбираше секогаш, а ја прекоруваше само со поглед, го сакаше зашто сакаше за сѐ да разговара со неа, го сакаше зашто го гледаше колку му недостасува мајка ѝ, а при тоа го гледаше како ги задушува емоциите кои излегуваа само во вид на повремени, несвесни воздишки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа го погледа Шабтај, а тој ѝ одобри со погледот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој седнува свртен со погледот накај полето, со грбот се опира на крувчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Дал ти бог добро, - рече стариот иронично и го проследи со поглед в грб.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Загледани, маѓепсани во светлината на неговото догорување, во тоа огромно смирено животно на животот, ја внесуваме неговата топлина преку кожата, со погледите од најдлабоките корени на нашите сеќавања и повиците за помнење на оние раскажувачи на ноќта, седнати околу огнот со засукани ракави.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Ширум отворениот прозорец со поглед на Сена е доволен поттик да се биде и тука и таму, на две места, двапати да се чека исто доаѓање и исто заминување, еднаш како намерник, другпат како скитник.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Вратата се отвори и кога тој сакаше да пречекори, оној младич што беше застанат на спротивната страна на тротоарот се појави пред него со устата набрана како да потсвирнува и со погледот полн иронија.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Притоа, настојувајќи да се сретне со погледот на секого од редот. И редот се сталожи.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Прислужникот не веруваше во нашата приказна: тој нѐ испрати до големиот влез на гимназијата и, гледајќи нѐ со поглед полн сомневање, ја заклучи зад нас влезната врата со огромниот клуч.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
УЛИЦА - Улис (т.е. Стефан Дедалус; в. Џојс - Ulissis) не е уличар туку момче што ули (напаѓајќи ги „светите“ нешта!) чар! И тоа е неодоливо заводливо. Тој оди по улица гледајќи секакви лица; ту со поглед ќе улови некаква улка (луда “; или: жена), ту некој улог (инвалид), длабоко улогорен во својата улога. За тоа всушност се работи во тој ултимативен („ултра- модернистички“) роман, клучен во 20 век.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Некој што во минување сте го уловиле со погледот може да биде искористен како лик, неколку години подоцна; некој влез или излог на продавница може да послужи како сцена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И опфаќајќи ја потоа со погледот постројката врз која седеше и која беше на завршување, Аргир додаде замислено: - Којзнај кога ќе дојдат пак во овој крај мајстори...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кафеџијата, кој за целото време - стоеше крај шанкот и виде сè што се случи - нервозно ги засука мустаќите и така го изгледа дајреџијата, кога овој ги извади парите, како да сакаше да го стопи со погледот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со почит му се поклони на пашата и му го даде прстенот. Овој со поглед ѝ заблагодари.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мажите ја голтаа со погледите, жените кривеа усти: од сите беше поубава, попривлечна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Востаниците го бараа со погледот и сакаа да го видат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Па се поклони, сиот теракота печена на тивок оган, со цигански шарена шамија околу мисирковиот врат, прво задолжително на жените со поглед како во решавачка карта, а потоа деловно им соопшти на мажите: - Тој ми е најдобар студент, најнадежен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш и му текна за индексот, па го побара со погледот на масата и на креденецот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со погледот му потврди дека неговиот последен долг е измирен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Долго ја гледаше карпата. По неколкупати ја испитуваше со погледот, се допираше до неа, ги опираше рацете на неа, како да сакаше да ја навали.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Истото доживување го имал и Олдос Хаксли за време на својот познат експеримент со мескалинот, додека набљудувал една столица во собата: „поминав неколку минути - или неколку векови - не само лизгајќи со погледот по тие бамбусови ногарки, туку бев и дел од неа - или подобро, бев во неа, или, да бидам уште попрецизен, бев небитие во тоа битие, кое беше столица.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оти песната е талкач Верен придружник и соговорник од патеките на умот Ака по беспатици а штом ќе пристигне дома Прошетува по одајата со погледот на домакинката тргната да го крене пердето за да помуабети со Ѕвездите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Јосиф за возврат сам од себе се наведна во половината кон неа со поглед полн разбирање.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Јанче долго молчеше со погледот закован во трпезата, разговараа тие тројцата сами, во гостинската одаја, а кога го управи на Дамческите, во нивните очи виде иста таква беспомошност каква што го имаше него навасано.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со поглед упатен кон родната куќа во Поградец, која станала седиште на партиската власт, на брегот на Охридското Езеро, тој ја заборава сегашноста, за да се препушти да го завлече „егзалтирачката фуга на меморијата.”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
II Татко почина со поглед свртен кон нас и кон книгите од неговата библиотека.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во летните вечери, под Сина Скала, во потокот, некогаш одамна, упорно настојував и тоа не само со погледот туку и со прстите да им се приближам на звездите за да утврдам дали навистина се движат по дното или само ми се причинува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем што може тој да открие во онаа неподвижна темнина зад прозорецот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но иследник е премногу возрасен за да ги практикува ваквите игри.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А тој сѐ уште ги гледа, ги пронижува со погледот, како да им навлегува во главите и им ги разголува мислите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Удирав со копачката по тврдата земја и ги следев со поглед сенките.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мислам дека и тој знаеше дека знам, но ме молеше, со погледот, да се преправам дека не знам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас го молев да слезе, оти секој миг можеше да наиде експресот, но тој велеше: „Не грижи се Луцијо, јас правам чуда; ќе го сопрам возот со поглед, со еден блесок на очите ќе го сопрам; сум сопирал јас и поголеми нешта во животот, Луцијо!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И го видов во моето видение и него: мал, расклештен, со опашка грозна, влакнест како пајак, во центарот на малата апсида: отстранет, прогонет од небото, од таванот на одајата мрачна, но сепак тука, блиску, како да чека да се врати, како да е привремено тргнат на страна; прогонет од големото, тој чекаше како пајак влакнест во своето мало небо, оти небото на две беше поделено, на големо и мало; си чекаше таму, сам во својата вселена, со тие негови вжарени очи на гревот, страста и блудот; и во тие вжарени очи јас ја видов, во откровението мое, сета историја на светот, вековите со страдања, казни, измачувања, распнувања, убиства и кражби, блудничења и невери, потоци крв и солзи видов поради страсти јавно искажани, поради создавање вселени мали, поради ловот на малите и неспособните во мрежите на големите, силните и отровните; и видов дека и Филозофот гледа, и дека мисли исто што и јас, и дека се обидува да се сети како гласеше последната реченица со која завршуваа претсмртните ливчиња на отец Мида, па се разбравме со поглед и јас реков:
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И ме гледаш, и се разбираме со поглед, и јас подавам рака, а ти клучот ми го даваш, оти знаеш дека првпат јас самиот сум решен на твоја страна да бидам, дело гнасно да учинам, за да те спасам од логотетот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој е како фатаморгана, низ него со поглед можеш да поминеш: тоа е безбројната, бесформната содржина на ништото кое постои, се движи, зовриена движечка сила што го тера телото да се движи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Врбник е чисто македонско село. Лежи во благо рамна котлина, со поглед на југ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со погледот шеташе по покривите од околните куќи, во тој сплет од нерамни и испревртени кубови, ги гледаше низ измаглината на квечерината.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Милане, каде си? што си се искачил таму? - Дојди горе. - Слези ти, што барам горе. - Дојди. Ќе видиш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тогаш ја чу жената како го вика од терасата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Штом слушна дека започнуваме разговор за Софи, рече: “Нема поголема несреќа од тоа да се надживее сопственото дете.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И постојано, колку и да ја замолкнував мојата внатрешна сенка, колку и да го вртев погледот кон некоја светлина која требаше да го поништи нејзиното постоење, таа го поставуваше своето прашање: Да се живее или не?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога го видов првпат по смртта на Софи, брат ми седеше неподвижен, со погледот закован некаде во средината од масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во онаа доба кога не се ни насетува дека еден ден сетилата ќе бидат само дел од заробеноста во просторот и времето, а не дел од трепетот и од насетувањето на нешто што е отаде, ќе бидат само сведоци на материјата во која веќе нема да може да се доживее онаа нежност, онаа топлина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ајде,“ рече брат ми, и јас тргнав по него, навалена на неговата рака, поткривнувајќи, вртејќи се наназад кон мајката и синот, кон нивната разделба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во добата на невиноста, кога со допирот и слухот, со вкусот, со мирисот и со погледот, може да се насети она што е отаде појавното; кога ни се чини дека дури и низ предметите тече крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Помиреност и очај, како на онаа друга слика – на која беа Мајка и Дете, само што помиреноста сега беше полна ужас, помиреноста на Исус во мигот на издивнувањето, а мајката негова, застаната до крстот беше во очај, со склопени раце, со наведната глава, со поглед слеп за сѐ пред себе, освен за болката на душата, со очи кои како да се исушиле во вдлабнатините, а на нивното место останал само очајот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тие лутања низ градот, понекогаш мојот поглед ненамерно ќе паднеше на некое големо стакло, или во водата на реката или на некое вирче, па без да сакам се соочував со мојот лик, со погледот загледан во некое отсуство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Алајко и Мире не му одговорија, само со погледот му дадоа на знаење дека не се дојдени по добрина, туку со сериозна задача, која треба да се реши и изврши веднаш, неодложно и на лице место.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со загадочна насмевка се провлекуваше низ блутникавите рефрени и распашани подвриснувања и оставајќи ги се спушти до солениот, карпест брег, со поглед закован врз смиреното море, над кое трепетливо испаруваше Месечевиот бакнеж.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со погледот ми кажуваше дали делото е жив очај или за пукнувачка од смеа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Набрзина, така застанат над масата, ги рашири папирусите и бргу прелета со погледот над она што го напишал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мина со поглед од еден до друг како да нѐ пребројува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Им се сторило дека онде кај што нема умирања ни животот нема целосно значење - дури и од пепелта на шумските огнови никнуваат сипаничави печурки- смрчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Маж ти посегна по туѓа жена, го протеравме. Оди и моли се за неговиот грев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Барал со поглед дрво од чие стебло или подебела гранка ќе изделка нова оска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сиот беше во шарена облека, во тесни турски беневреци и со везен елек, со кубура и јатаган во појасот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Скрши си ја главата, негоднику, диво го ожежала со поглед.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред тоа минувале еден по друг крај старчето спружено на веленце врз сено на разнишан колесник со две тркала, сите со поглед кон ситното лице до очи завиткано во шамија под која, кога ќе ја поткренел ветар, се појавувала врз расечената жила на челото мала темна месечина со капка крв без вистинска боја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Занемен ко скитник под дебелите дабови сенки опуштено со поглед во далечината... недогледна...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Го сеќаваше дека е тука повеќе од здивот, знаеше дека беше дојдено по тие рубинени сртови најмногу со својата кожа, врз која она беше некаков игрив допир, а за сето време продолжуваше да скита со погледот по сиот рубинен свет крај себе, не испуштајќи ниеден миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И којзнае по кој пат по неговото синошно враќање, но сега сосема одредено како мисла, додека стоеше на прозорецот, заталкан со погледот по топлата виделина на денот, од која снегот добиваше мекота на нафрлан памук, во неговата свест проструи и тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред секоја од тие долинки можеше прво добро да изгледа дали на сртчето од другата страна се продолжува трагата, и дури после, откако ќе ја изнајдеше со погледот, да зачекори побргу до следното сртче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа секогаш оние северни ведрини, од кои мразот преку ноќта се стегнува како кремен, за некаде веднаш попладне само штом ќе почнат да капат капавиците, а веќе светлооката острина на цибрината ги маѓепсува со погледот на своите бели ѕвезди, и само мранзулите по стреата и по ветките ќе стасаат да пораснат надолу уште за една педа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Би можел до бесконечност да ги прелетува со погледот тие неомеѓени сини простори и ниеднаш да не му биде доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше исплашен од нешто, што не можеше да го опфати со погледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше едно јарче, Змејко сега можеше добро да ги здогледа неговите рокчиња, израснати правугоре, а таму свиткани како куклушки кон назад, и тоа јарче потрепери во еден миг и го побара со погледот, просто како да се помачи да се оттргне од сосредоточеноста на неговиот поглед, да избега пред неговиот нишан, тоа се обѕрнуваше неколку пати, како фатено во таа смирена низа дивокози, а сосема, само и изделено од сите нив со таа неспокојност, во која беше готово уште во следниот миг да отскокне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На тоа лице онаа насмевка скоро и како да не беше болна, таа само ги тераше да солзат суво неговите граорести очи. И штипкаше со погледот, пржеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Постоја малку и со погледот лесно ги изнајде неколкуте шпели, за кои знаеше на таа угорница, некаде на нејзината горна половина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Долгнавест муаџир со бербатна чалма несмасно навиткана, длабоко изгравиран со дебели нечисти брчки и со очи толку вдлабени во главата, та личеа на дупки во коишто одвреме-навреме проблеснуваа само белките, со лице исушено, глуждесто и аглесто, пушташе необични лаги, та оние што се тискаа околу него самодоверливо потврдуваа со главите или со поглед, верувајќи или сакајќи да веруваат во тоа што беше само убава измислица и мечта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А пратеникот навидум човек мирен, но со опасни очи и со јаки вилици, го ниже со поглед. И го остава да размислува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овој трепна и го заплетка својот поглед со погледот на офицерот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Човекот со рапавото лице седеше отспроти и упорно го стрелкаше со поглед Глигора кој се готвеше да си легне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во вистински час се оттргна од она негово зборување. Го бараше со поглед Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој ги збра веѓите и остро стрелна со погледот натаму.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Малото полека го спуштив во водата и тоа преташе весело, а таа, со клатење налево - надесно, се преврте на грб и со едната нога го јавна овој нејзиниот, па се исплашив дека ќе му напукне бутна коска и им го подадов Барбариче... и, кога првата капка ја допре, таа веднаш го прострела со поглед и навежбаниот се исправи, го грабна детето и го свитка во бањарка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги побарав со поглед до крајот и ги здогледав. Тој, качен на карпата фрла јадица.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Ама чаре има“, ѝ велиш победоносно, дека е среќна што те пронашла токму тебе во морето измамници што, ете, само се декларираат како сопственици на способности од видот на гледачи и предвидувачи, и исцелители на кои им е дадено со поглед и допир, како да се нечија продолжена рака, да ги редат работите по желба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сакаш да појдеш некаде, барем со погледот да појдеш до некаде. Да видиш што има, што нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пустите празници што ги пречекувавме со поглед, испилен од сапуницата в очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се погледнуваме со Витомира и со поглед се разбираме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Петко се поттргнува од огнот и го претражува мракот со поглед.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој нерешително стои на влезот од сандакот и го бара со поглед кловнот. Добронамерно е иако не знае ништо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Одбојноста кон машкиот род, кој ѝ зададе толку многу болка, постепено исчезнуваше со погледот во мажественото лице на Ѓорѓе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сама, поосамена од камен, од витез железен во трошна антикварница. Отфрлена, опкружена со погледи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Долго неподвижно лежеше со поглед вперен во свежо варосаниот таван на кој јасно се познаваа четките на „фушерски“ завршената работа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само талка со погледот. А болскоти забот в уста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еднаш напладне отидов на лизгање сам; измешан со луѓето, забележав како кон ридот се приближува Надењка и како ме бара со погледот...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се загледа низ одајата, со погледот помина по сите познати предмети од кои еднаш неделно со години го бришеше правот, чудејќи се како можело пак да се нафати толку многу.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Страшно ѝ е да се спушти сама, о, колку е страшно!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе излеземе, таа заповедува да ја фатам под рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секогаш кога ќе ја покажеше фотографијата на некој посетител, татко ѝ рамнодушно ќе речеше: – ’Тој сега е во Мелбурн.’ Таа се согласи да замине, да го напушти својот дом.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сосема премалена од жештината и стравот, ги набљудував Индијците коишто ги набираа своите чела, ги кршеа рацете, воздивнуваа, ги подигаа веѓите во обликот на буквата W и ги камшикуваа Индијките со погледи полни темен копнеж.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Шета со погледот низ селото и гледа: си останало исто, си го задржало истиот изглед; има по некоја куќа нова или обновена, но не се раширило, си ја задржало онаа своја збиеност: од која куќа да викнеш, на другата ќе се чуе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја отворив нестрпливо фасциклата. Забележав две страници со црно отчукан текст. Прелетав брзо со погледот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Обично кога влегуваше во својата библиотека, застанат првин крај отворениот прозорец на чардакот, ја вдишуваше свежината на воздухот која идеше од модрите води на блиската река и густите врбјаци на самиот брег, потем стапуваше во својата библиотека, за со погледот кој шеташе од рафт до рафт мило да ги погали книгите, како свои верни чеда, кои постоеја за да ги штитат неговите вистински чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога Татко беше уверен дека конечно Камилски ја завршил својата прикаска за башибозукот, тој се исправи, прошета со погледот кон наредените книги на рафтовите како вистински војници, кои само тие, двајцата, со нивното читање ќе можеше да ги прочитаат, да ги совладаат, да ги направат безопасни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Генералот со непресметлива гордост погледнуваше кон својата гарда, со поглед кој заминуваше некаде зад небото, зад сонцето и извикнуваше: Животот е еден и единствен!
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Кругови во водата, кружници низ времето се допираат со погледот на немоќта која царува како цар без царство, како љубов без љубовници.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Понекогаш, така, полускришно, гледав во него додека јаде, гледав како ја држи лажицата и како, со погледот надолу, ја принесува кон устата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Си помислив, зар е можно цело лето да е полна и црвена, или всушност, токму кога е таква ме привлекува да ја побарам со поглед?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Неколку пати купуваше риба на пазарот, а потоа ни ја подготвуваше на скара на осмиот спрат од Метрополитен кулата, каде имаше голема тераса со поглед на Сиетл.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тој ги изреди со поглед сите и се задржа на една од жените.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се плаши да погледне Со погледот ќе го разбие прозорецот. И стаклата ќе го разранат. Голото тело на нероденото.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ќе ја минуваат со погледите границата која, со своето постоење, ја обележа судбината на семејството во повеќе генерации.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Излезе од градската куќа, со своето бело сари, порабено со сино, со блага насмевка, со поглед преполн добрина кој зрачеше и допираше до сите. И до Мајка...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И сега, гледајќи ја каде што врви целата во црно, Бонети помислува дека отец Иларион сигурно пати што приликата што ја имаше ја испушти, зашто таа сега е друга: и крај него минува со молчење и со поглед в земја.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се стаписа на местото, се подисправи начулувајќи ги ушите како куче и прво помисли на страната на којашто можеше да очекува опасност па помина со погледот по мракот над високите ѕидови густо обраснати со капини и скреби каде што ништо не можеше да види.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Стоеше така со погледот како фрлен во пустина и веќе помислуваше да ја батали оваа работа коа, зад себе, од левата страна, чу женски глас како му вели: „Ви треба помош?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потсмевнувајќи си се самиот на себеси поради бесмислената намера да го најде своето име, тргна со погледот по Бра... Бра... Бран...и наиде на Бранов. Branoff Edo!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Барајќи го со поглед Марка, со изненадување виде дека грдомасниот слаб митролезец на нивната чета, Босанецот Мујо, со својот „шарец“, насочен кон влезот на земјанката, лежеше со кундакот стегнат во десното рамено, окото на нишанот и прстот на чкрапецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо писателот со погледот како да бараше начин да ги расебети капињето од скребите, копривите од малечките, папратта од базојчките, блостурот од шиповите...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Побара со поглед излез и виде мрак прострелан со два бели снопа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И така од колено на колено, секој август, рибарите постојано гледаат кон небото, трагаат по најмалото облаче, го фиксираат со погледите, се мери температурата под сенка, на секое дожде му се открива значењето во идната година.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сцена 9: Соба со поглед Америка.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Ти ги викаш со поглед. Им даваш повод. Ти импонира.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Србин чувствувајќи се како врапче во дланката на непроѕирната ноќ, потамина, сеќавајќи се на одмерувањата што со поглед ги правеше уште додека беше ден, фрли камче кон Шишмана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Со погледи го прошетаа местото над патот сѐ до сртот горе на планината, но ништо не се гледаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Остана така со погледот низ окопот од каде што требаше да се врати Србин и со мислата на Брезница сѐ додека најпосле Србин не се појави со бовча. Пак не се помести од местото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За да не заостане, брзо го измерка дрвото со поглед, ги наплука рацете и одмавна, ја закачи ссекирата во стеблото и кога ја тргна рачката да ја откачи, виде оти е лабава.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Само со погледи се разбираа доволно за да можат да си ја премолчат тагата во душите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Молчеа така со поглед одпредметувајќи ги облиците, наслушнувајќи ја стварноста, сѐ до утрото. Во мугрите излегоа од дувлото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ми се причини дека тој со погледот внимателно го следеше и тоа паѓање.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Прилегаше здрвено и неудобно во нив, додека таа го одмеруваше со погледот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Милосрдна сестра со рачички мали за раната наша не наоѓа лека. Со милосни очи, со поглед што гали не ни носи таа нам преврска мека.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Се разбира, не се свртив. Го сеќавав тој леплив поглед.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А кој ти е оној? - праша Господ покажувајки со погледот кон џамлакот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Момокот го измери со поглед.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој влезе блед како крпа и со поглед полн молба.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се зборуваше дека и со погледот убива.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оти има денови чиешто сонце пред да помине над нас се распрснува како жито и како зрнесто благо над главите на сватовите И грдо е тогаш со поглед заводлив да гледаш во невестата Додека среќата во нејзините очи танцува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Под ова небо што не ноќева во празни срца она што беше еднаш видено или наслушнато само се побрзо се оддалечува во чудесна преобразба од бегалец во прогонувач кој не верува дека некогаш пак ќе ни се придружи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Онаа непрекината поврзаност на неговиот поглед со погледите на луѓето од Новодеревјановское, или уште подалеку, и тоа преку ѕвездата што ја беше избрал за своето дружење со нив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ТАТКО МИ ОДИСЕЈ
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како кошаре се отворив со матарка се премазав да се помамиш по мирисот да ми дојдеш матицо моја станав кревок и подгорен пергамент мозаик незаштитен со песок непрекриен со мрак се оптегнав како апсида за да стапнеш, конечно, во мене со поглед вперен угоре налик на реквием или псалм одекот да ти биде длабок.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Маци! Маци! - почна да вика и да шара со погледот додека виљушката сѐ уште ѝ стоеше во рака.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дури кога братучетка ми со едното ноџе само по чорапче скокна надвор и замавна со раката мачката троа се подисплаши и тромаво се симна по скалите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Значи, ти си тука дојден на семинар по метеорологија? - ме потпраша тетка ми, погледнувајќи го тетин ми со поглед кој велеше „ти реков дека е многу умен“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога се завртев, таа влегуваше внатре боса и ја затвораше вратата - чевлите воопшто не ги ни внесе внатре.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Така, од пред очи, ни се загуби татко, не ми се вдаде ни убаво да го фатам со очите, да го испратам барем со погледот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се гледаме и се колеме. Така, со очите, со погледот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Секаде се еден до друг, од прво до четврто, па и во петто не се разделија... милата Јана, никогаш за ништо не го накодоши - како што знаат да кодошат девојчињата - секогаш сакаше да му даде и гумичка, и молив, и боички, и острилка, му даваше без да побара, не им требаа зборови - со поглед се разбираа...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А ти само молчиш, шеташ со погледот, препишуваш некој древен неосквернат ракопис на изчезнување.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Н луташе со погледот во недоглед. Насекаде гледаше жена.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И се подигна. Пред очи – широката насмевка на дедо. Милно ја гледа и со погледот ја гали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мита наведна глава и молчешкум, со поглед на осамена срна, се загледа зад себе, во изодениот пат, во она што е нејзино вчера и вели - повторува: - Нѐ подбра тркалото, нѐ вкова во себе и со секое вртење ни го мери - измерува животецот, поначесто земајќи делче од нас, капка или цела локва крв изсцедува од нашите жили...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Погледна на синото небо, потоа наоколу, со поглед ја прибра вжарената земја и прашината над неа и, обидувајќи се да ја врзи прекинатата мисла, рече: - Конецот од клопчето го отпуштивме и со него обележавме пат... до тука...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Фимка, со поглед закован во двајцата мажи, кои седат отстрана, напнува ум да си спомне каде ги видела. Ѝ текна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го испратија со поглед сѐ додека чунот не се изгуби во трските, а потоа и тие тргнаа назад.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Шеташе со погледот од Туз-пазар па сѐ до мостот, но џигерот му гореше, така чувствуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сама и без никаков страв стигнав таму, убаво се сместив, во соба со поглед на градот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Стрелав со погледот наоколу и прецизно забележав дека некој го забележа тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Па со поглед што блика и зрачи, потонувам до дно во модрината, и кликнувам пак на убавината: Прострелај ме со своите лачи!
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Како да сакаше да ги пробие со погледот, да ги размести лево и десно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Старецот зема од нејзините раце едно цветче, го превртува со сувите прсти и го милува со погледот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Билјана молчеше. Неколку пати ги крена очите, ползејќи со погледот по тополите угоре, до нивните врвови што се забиваа во небото...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)