со (предл.) - подготовка (имн.)

Ти како да не ги броиш деновите до матурската. До каде стигна со подготовките? Каде го шиеш фустанот? Со што ќе го комбинираш?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите ние бевме преокупирани со тој немир што го носеше навестената војна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Си олеснуваа со тоа што зимата на таа 1941 година почнаа да живеат со подготовките за свадбата која беше закажана за април.  Таа пролет во Белград, ми се чини, не ја почувствува никој освен Алегра и Јехуда кои во квечерините зборуваа за цутот на дрвјата ненадејно бликнати во бело по дворовите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Волкот изеде ждребиња, телиња, јагниња, јариња — како секоја година и секаде, но Стале го искористи овој материјал и помогнат од вдовицата Трна ги наплаши селаните да почнат со подготовките за манастирот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)