Се шегачеа меѓу себе. Сѐ им почнуваше со зборовите „си беше еднаш еден Банаќанин...или Бачканин и така тој...“ и секогаш шегата завршуваше со потсмев на оној вториот.
               
             
           
            
            
              „Последната алка“
               од Стојан Арсиќ 
              (2013)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Тој ја вртеше песнарката, ја отвори и почна да чита на глас; ме понижуваше така што читаше бавно стих по стих, и потем се смешкаше; ме прашуваше со потсмев во очите што сум сакал да кажам со ова, што сум сакал да кажам со она; па како може ѕвездите да шепотат, па како може вратот на некоја девојка да личи на кула Давидова; па како е можно устата да биде како калинка а градите две срни меѓу кринови; па зарем не е глупаво човек да каже дека нечија коса е како стадо кози, и слично и слично.
               
             
           
            
            
              „Папокот на светот“
               од Венко Андоновски 
              (2000)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  „Кога Човек не е сам и сувата трева е повесела.“ Се ловеше : со потсмев пееше на црковен начин, како проповедник.  „Тој е сакат, Мироне“, пак рекоа долждалците. Мирон не ги чу.
               
             
           
            
            
              „Месечар“
               од Славко Јаневски 
              (1959)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Момчето на моторните ролшуи дофрли со потсмев: „Ајде, Џо! Тие и нивните бајки. Глупости!“
               
             
           
            
            
              „Лек против меланхолија“
               од Реј Бредбери 
              (1994)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  А токму тој повик беше проследен најпрвин со потсмев а потоа со ракоплескање! Господе, господе, дали е можно тоа?
               
             
           
            
            
              „Желките од рајската градина“
               од Србо Ивановски 
              (2010)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Го совладуваше својот бол со потсмев.
               
             
           
            
            
              „Две Марии“
               од Славко Јаневски 
              (1956)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Чорбаџи-Дико знаеше сѐ за Бошка и затоа, кога овој седна спроти него, не го дочека ни да почне да се поплакува, туку си сркна од кафето што тој час му го донесоа момците и офолито, со потсмев во гласот, му рече:  - Зарем на еден Лумана најде да му одмаздуваш, бре главо будалска.
               
             
           
            
            
              „Луман арамијата“
               од Мето Јовановски 
              (1954)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Говореше со искривена уста покажувајќи го со радост секому својот златен заб и уште ако кон сетоа тоа ќе се додадеше дека неколку дни прет тоа совлада на ринг некаков бистроок и црн Романе, јасно можеше да биде дека не можеше а да не го гледа со потсмев тој што дојде.
               
             
           
            
            
              „Месечар“
               од Славко Јаневски 
              (1959)