со (предл.) - слама (имн.)

Место рогузина и црни козинави покровчиња и шарени перници со слама полни ,овдека ефендиите најдоа: море — душек исполнет со волна, море — веленца, па дури и меки и бели перници со бубаќ и волна полнети!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Врапчињата ги оставија стреите на селските кошари и копите со слама, каде што цела зима се тресеа од студ, и излегоа на слобода да ги бркаат бубачките и да прават меки седелца, во кои ќе ги одгледуваат своите мили рожби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ниска, камена зграда, покриена со слама. А сламата поцрнета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Месеа кал од црвена глина со слама, па ги правеа сами керамидите и циглите за да градат куќа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
ЗИМНИЦА- камена зграда покриена со слама која се гради специјално за презимување на овците.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Добрите луѓе им дозволиле таму, меѓу редовите на лозниците, да изградат соба од ќерпич, внатре ја послале со слама и, на четири кола врзани со сиџим и рогозина, навечер долго се гледале во очи, додека месечината го осветлувала нивниот нов дом.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Подот е послан со рогузи и стари истраени ќилими, а под камарите сѐ до вратата, поредени се перници полнети со слама.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не возбудуваа многу и не му служеа на чест неговите чести наоѓања на мали волчиња за кои патем земал награди, не беа многу возбудливи ни приказните во кои тој ги труел волците, а потоа со нивната кожа, исполнета со слама одел по селата, собирајќи дарови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дури кога со кожата од волчицата исполнета со слама тргнал од село до село да собира дарови, луѓето виделе со какво ѕвериште успеал да се пресмета Димитар Волчарот, па гласот за него се проширил и по селата зад планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се товарат ранетите во возови; трчаат болничарите и со вар испишуваат крстови по вагоните; внатре вагоните се послани со слама; ранетите си помагаат еден на друг: ги подаваат рацете или патериците и ги прифаќаат оние што со мака се качуваат во вагоните; во далечина екнуваат пукоти, наредба е што побргу да се трга.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Фрлаа луѓето на нив сѐ што ќе најдеа: врела вода, жива вар, пепел, сода; им ги чадеа патиштата со слама, со папрат, со лепешки, со козина, со ќуќур; едни пцовисуваа, а други пристигнуваа; ги имаше од сите погании: црни, жолти, кафеави, со големи глави, со големи нозе, со крилја, без крилја, со крст на грбот или без крст.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ама, ете така, со млада кога се спиело и од кочанки да била постелата, пак не би ти се станувало, а камо ли што од баба Анча постелата е полна со слама и паперка.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Одвнатре, заедно со сламата испадна едно писмо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Било зимно време, немало дрва, таму со слама се грееле, (сиромаштија), се разболела мајка ми од воспаление на белите дробови.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)